Истражувања за граѓанското општество - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Истражувања за граѓанското општество - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Среда, 09 Февруари 2011 00:00

Довербата и јавното мислење за граѓанското општество се еден од предусловите за вклучување на граѓаните во граѓанското општество (ГО). Во Република Македонија, довербата во граѓанското општество е поделена и се намалува, додека вклученоста на граѓаните во граѓанските организации е мала. Од друга страна мнозинството граѓани ја доживуваат државата како најодговорна во решавањето на општествените потреби, што е една од причините за слабата мотивација за нивно учество како во непартиските политички активности, така и во граѓанските организации. И довербата и вклученоста на граѓаните во ГО се во тесна врска со социокултурниот контекст, кој исто така не е доволно поволен. Истражувањето на социокултурниот контекст (општествените вредности и посебно довербата и општествената одговорност на граѓаните) ќе придонесе во планирањето активности за јакнење на свеста на граѓаните за важноста на ГО, но и за информирање на јавноста за ГО.

Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е споделени релевантни информации и анализи за состојбата на ГО.

Целна група на проектот се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се 9.000 граѓански организации, и други актери од општеството. Целното подрачје е Република Македонија, а локацијата на спроведување на проектот е Скопје.

Очекувани резултати од проектот се: Подобрен пристап на МЦМС во истражувањата на јавното мислење за граѓанското општество; Јавноста има пристап до редовни и ажурирани информации, истражувања и анализи за ГО; и Споделени информации за: Општата доверба на граѓаните и нивната доверба во граѓанското општество; Општествената одговорност на граѓаните; и за Општествените вредности.

Проектот ќе се спроведе преку следните активности:

а) Утврдување општи прашалници за истражувањата за граѓанското општество: По неколкугодишно спроведување истражувањата ќе се споредат со релевантните светски истражувања, како што се Светскиот преглед на вредности, Европската студија на вредности или Евробарометарот со цел да се усогласи методологијата, но и да се направи синергија на прашалниците. Ќе бидат подготвени општи прашалници за анкетите за граѓанското општество и временски распоред на нивно спроведување. Утврдувањето на прашалниците ќе го направат членовите на Националниот индекс тим за проектот Цивикус-Индекс на граѓанското општество (ИГО).

б) Спроведување анкети со населението: Анкетите со населението ќе се спроведат на национален репрезентативен примерок преку интервјуа лице в лице од страна на истражувачки агенции, кои ќе бидат избрани на ограничен повик за понуди. Изборот на една или повеќе истражувачки агенции ќе биде спроведен на почетокот од проектот, откако ќе бидат утврдени општите прашалници. Во текот на ноември и декември 2010 г. ќе се спроведат најмалку три анкети со населението заради испитување на јавното мислење за прашања од социокултурниот контекст, кои се од интерес на граѓанското општество.

Доверба и доверба во граѓанското општество. Со анкетата се истражува колку граѓаните се информирани за граѓанското општество; како граѓаните го перципираат граѓанското општество и нивната улога во нив; и колку граѓаните веруваат дека организациите од граѓанското општество ги застапуваат нивните интереси. Покрај довербата во граѓанското општество, анкетата ќе опфати прашања и за општата доверба и довербата во институциите од другите сектори. Анкетата ќе се спроведе четврт пат.

Општествената одговорност на граѓаните. Анкетата ќе се спроведе по четврт пат и го испитува пред сè учеството на граѓаните во организациите на граѓанското општество, но и во политичките непартиски активности и активностите на заедницата. Покрај овие прашања ќе бидат опфатени и ставовите на граѓаните за одговорноста за општествените прашања и посебно за почитувањето на законските обврски и кон животната средина, потоа нивото на социјализација и добротворството.

Македонски општествени вредности. Анкетата ќе се спроведе прв пат како посебна анкета. Дел од прашањата од оваа анкета беа поставувани во рамките на претходните две. Оваа анкета треба да ги опфати битните прашања кои влијаат на социокултурниот контекст во кој делува граѓанското општество. Со анкетата ќе се испитуваат релевантните вредности за граѓанското општество, но и за делокругот на МЦМС, како што се: слободата и еднаквоста, демократијата, ненасилството, толеранцијата, солидарноста и др. Според проценка може да се направи и анкета за дел од вредностите, како на пример за толеранција и еднаквоста.

в) Истражувачки извештаи/анализа за граѓанското општество: Врз база на наодите од анкетите ќе бидат подготвени извештаи. Членовите на Националниот индекс тим по завршувањето на анкетите ќе одлучат колку извештаи ќе бидат подготвени и со која временска динамика ќе бидат објавувани. Извештаите ќе бидат објавени во електронска форма на македонски, албански и англиски јазик, а деловите ќе се најавуваат со соопштенија за јавност. Истите ќе бидат дистрибуирани до организациите на граѓанското општество, пратениците, владини институции, дипломатски претставништва, медиуми, библиотеки, универзитети, меѓународни организации и членовите на органите и телата на МЦМС.

Периодот на спроведување е од 5 ноември 2010 г. до 30 јуни 2011 г .

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: спроведувањето на анкетите е навремено и квалитетно; јавноста е заинтересирана за учество во анкетите; и граѓанските организации и другите чинители (медиуми, државни институции и др.) ги прифаќаат и користат наодите од испитувањето на јавното мислење.

Информации за активностите на проектот ќе се објавуваат редовно на веб-страницата на МЦМС. За најава/информирање за објавувањето на извештаите од истражувањата ќе се испраќаат соопштенија за јавноста, а по оценка на Националниот индекс тим ќе бидат организирани и прес-конференции/промоции. Одговорен соработник е за проектот.

Планираните директни трошоци на проектот изнесуваат 3.313.900 денари и се обезбедени од Службата за црковен развој (ЕЕД).

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Истражувања за граѓанското општество - извршно резиме