Наскоро Стратегиja за соработка на општинa Битола со граѓанскиот сектор |
Вторник, 15 ноември 2011 17:23 | |||
Заокружен е консултативниот процес на подготовка на стратегија за соработка со граѓанските организации во општина Битола. Формирана е работна група и направени се консултации преку форуми. Работната група составена од по двајца претставници на општината и граѓанските организации одржа четири состаноци. Со помош на експертите подготвена е - предлог Стратегија за соработка на општината со граѓанскиот сектор и поддршка на неговиот развој. Предлогот е претставен на двата форуми, а присутните имаа можност да дадат придонес преку работа во групи и отворени дискусии за предложените очекувани резултати, за активностите и за временската рамка. Вкупно 52 претставници на граѓанските организации и советот на општина беа присутни на двата форуми. „Општина Битола гради долгорочни односи со граѓанските организации и ги вклучува во креирањето на локалните политики, а соработката со нив за различни прашања од интерес на општината е од особена важност", изјави Силвана Ангелевска, Претседателката на Советот на општина Битола давајќи поддршка на процесот. Стратегијата покрај унапредување на постоечките и развивање на новите механизми за соработката помеѓу општината и граѓанскиот сектор, предвидува и мерки за поддршка на развојот на граѓанскиот сектор и неговата одржливост. Се очекува Стратегијата да биде усвоена од Советот на општина Битола во декември 2011. Подготовката на стратегиите е дел од проектот„Граѓански дијалог на локално ниво" финансиран од Европската Унија од ЕИДХР.
|