Проценка и одредување на локални даноци и такси - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Проценка и одредување на локални даноци и такси PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 мај 2009 09:46

Во рамките на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Градење на капацитети и модернизација на локалната самоуправа, МЦМС организира работилница za Проценка и одредување на локални даноци и такси. (Од 20 до 21 мај 2009 година; Хотел Континентал, Скопје)

Цели на работилницата:

  • Стекнување практични знаења и вештини за локални даночни политики;
  • Примена на успешни методологии за администрирање на локалните даноци и такси во редовната пракса на општините.

По завршувањето на работилницата, учесниците ќе стекнат знаења и вештини за:

  • Целите и принципите на оданочувањето;
  • Пресметка на пазарната вредност на недвижен имот;
  • Креирање на фискална стратегија;
  • Даночна постапка;
  • Етика при оданочувањето.

Услови:

Работилницата е наменета за фокус општините на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ): Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп.

Претставниците од фокус општините на програмата ЛРЗ ќе користат целосна стипендија за учество на работилницата со што сите трошоците за учеството на работилницата во износ од 11.800,00 МКД се покриени од страна на МЦМС и Evangelische Entwicklungsdienst - Германија www.eed.de.

Работилницата ќе биде спроведена од страна на експерти од Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија.

На работилницата може да се пријават и претставници од другите општините кои ќе може да аплицираат за стипендија во износ од 70% од цената на обуката. За подетални информации обратете се кај лицето за контакт.

Бројот на учесниците на работилницата е органичен. Селектираните кандидати ќе бидат известени за нивното учество на работилницата.

Пријавување:

Пријава за работилница  - Проценка и одредување на локални даноци и такси.
Краен рок за пријавување е понеделник 18.05.2009.
Програма за работилница - Проценка и одредување на локални даноци и такси.

Лице за контакт:
Миодраг Колиќ  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , тел: 02/3065-381 локал 122

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Проценка и одредување на локални даноци и такси