Вторник, 11 март 2025 11:21 |
Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи Гостивар и Медиа плус Штип. Главните активности на проектот се насочени кон креирање поволна средина за развој на граѓанското општество во земјата и зголемување на капацитетите на граѓанските организации, за истите да бидат компетентни, ефективни, одговорни и независни чинители во општеството.

Оваа група ќе има советодавна улога во рамките на проектот и ќе го следи функционирањето на ресурсните центри и регионалните експерти за развој на граѓанското општество на локално ниво. Групата ќе обезбедува совети и препораки за подобрување на обезбедувањето на услуги и поддршка за граѓанските организации.
Структура на Советодавната група на ресурсните центри
Советодавната група се состои од 11 членови од следниве институции:
- Двајца претставници на владини институции;
- Двајца претставници на донаторската заедница;
- Претставник на локален младински совет/младински центар;
- Претставник на Центар за развој на плански регион;
- Претставник на локална акциона група;
- Претставник на локален економско-социјален совет;
- Претставник на мрежа доминантно активна на локално ниво;
- Претставник на организација/мрежа во област на медиуми;
- Претставник од академската фела.
Критериуми за избор на преставник од:
- Локален младински совет или младински центар, кандидатот треба да:
- Биде вработен/ангажиран/член во граѓанска организација која управува со локален младински совет или младински центар;
- Биде на возраст до 29 години;
- Има минимум една година искуство во граѓанско општество.
- Центар за развој на плански регион, кандидатот треба да:
- Биде вработен/ангажиран во Центар за развој на плански регион;
- Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво;
- Учество во работа на граѓанска организација е предност.
- Локална акциона група, кандидатот треба да:
- Биде вработен/ангажиран/член на локална акциона група;
- Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
- Локален економско-социјален совет, кандидатот треба да:
- Биде вработен/ангажиран/член во граѓанска организација која е вклучена во функционирањето на локален економско-социјален совет;
- Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
- Мрежа доминантно активна на локално ниво, кандидатот треба да:
- Биде вработен/ангажиран/член во мрежа на граѓански организации (формална или неформална) која доминантно е активна на локално ниво;
- Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
- Организација/мрежа во област на медиуми, кандидатот треба да:
- Биде вработен/ангажиран/член во организација/мрежа на граѓански организации (формална или неформална) која доминантно работи во областа на медиуми и медиумска писменост;
- Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво.
- Академската фела, кандидатот треба да:
- Биде вработен/ангажиран во некоја академска институција (универзитет, институт или др. висока школа за високо образование) во Република Северна Македонија;
- Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво;
Краен рок за поднесување на апликации: 28.03.2025 година.
Пријави се на: ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОДАВНА ГРУПА |