Покана за учество на дебата „Учеството на граѓанските организации во креирање политики на локално ниво” - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Покана за учество на дебата „Учеството на граѓанските организации во креирање политики на локално ниво” PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 декември 2024 08:41

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Учеството на граѓанските организации во креирање политики на локално ниво“, која ќе се одржи на 17 декември 2024 година (вторник) со почеток од 14:00 часот на платформата ЗООМ. Пријави се!

MCMS web

Настанот има за цел да поттикне дискусијата за улогата на граѓанските организации како катализатори на позитивни промени во заедниците и како тие можат да влијаат врз локалните политики за подобрување на квалитетот на животот во заедницата. Присутните локални организации ќе ги споделат своите успешни приказни и предизвици во застапувањето и нивното учество во креирање локални политики и стратегии. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења за различните форми и механизми за учество во креирање политики, носење одлуки, комуникација со локалните власти и мобилизација на заедницата.

Настанот ќе послужи и за презентирање на новата онлајн алатка за промоција, поддршка и следење на иницијативи за застапување на граѓанските организации. 

На настанот ќе учествуваат претставници на граѓанските организации, активисти и членови на локални иницијативи, како и секој заинтересиран за улогата на граѓанското општество во локалните политики.

АГЕНДА

Пријавените учесници ќе добијат линк за да се вклучат на онлајн настанот.

Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на проектот е зголемен капацитет и отпорност на граѓанските организации за тие да бидат компетентни, ефективни и отчетни независни чинители и околина која е погодна за граѓанското општество.ци ќе добијат линк за да се вклучат на онлајн настанот.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Покана за учество на дебата „Учеството на граѓанските организации во креирање политики на локално ниво”