Повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка на документ за политики |
Среда, 18 јануари 2023 16:04 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка на документ за политики. Документот за политики има за цел да ја опише сферата на влијание на етничките и верските идентитети/заедници кон промовирање и поддржување на принципите на еднаквост и недискриминација. Доколку сте заинтересирани погледнете го подетално описот на надлежности. Рокот за поднесување на документите е до 31.01. (вторник) 2023 г. на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Овој документ за политики се реализира во рамки на проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“ кој го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Европската Унија. |