Повик за ад-хок грантови |
Четврток, 08 април 2021 10:06 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) ги охрабруваат граѓанските организации, мрежите, медиумите и активистите од Западен Балкан да аплицираат за финансирање преку Повикот за ад-хок грантови. Грантовите се наменети за поддршка во борбата против нападите и притисоците што го попречуваат граѓанскиот простор! Специфични цели на повикот се:
Времетраењето на поддржаните активности може да биде од 5 дена до 2 месеци во зависност од видот на побарана поддршка, а максималниот износ по грант изнесува 10.000 евра. Повикот ќе биде отворен за аплицирање до 31 декември 2021 година. Сите потребни информации поврзани со Повикот за ад-хок грантови ќе ги најдете на: https://bit.ly/3dkZ1Gm Овој повик е дел од проектот „Заштита на граѓанскиот простор – регионален центар за развој на граѓанското општество“, спроведуван од БЦСДН, а финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА). МЦМС е партнер во проектот од РС Македонија. |