Оглас за две работни места во Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за две работни места во Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 јули 2019 23:16

МЦМС распишува оглас за две работни места во програмата Цивика мобилитас:

  • Соработник за проекти за набљудување и оценка
  • Соработник на проекти за истражување и анализи

oglas za 2 rabotni mesta

Работните задачи за соработник за проекти за набљудување и оценка се состојат од:

  • Раководење со проектен циклус кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
  • Набљудување и оценка на достигнувањата на грантистите и општо на програмските активности;
  • Координација и следење на спроведување на програмските индикатори;
  • Известување за достигнувања на програмата кон донаторот;
  • Комуникација со целната група на проектите, добавувачи и др.

Работни задачи за соработник на проекти за истражување и анализи:

  • Раководење со проектен циклус кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
  • Анализа на контекстот релевантен за граѓански организации;
  • Истражување и анализи за развој на граѓанско општество;
  • Содржински придонес во следењето на индикаторите на програмата;
  • Координација на настани во програмата: форуми, средби за вмрежување. 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Најмалку пет години работно искуство на проекти за граѓанското општество;
  • Познавање процедури за раководење на проекти на странски донатори ќе се смета за предност;
  • Основни познавања за работата на МЦМС;
  • Комплетирано високо образование или најмалку 10 години релевантно работно искуство;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сѐ одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис;
  • Возачка дозвола: Б категорија.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • комуникација (усна и писмена);
  • брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи; 
  • тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • работа на терен (надвор од канцеларија).

Кандидатите кои ќе ги исполнат горенаведените критериуми ќе се избираат со претходна проверка на знаењата. Одреден број кандидати ќе бидат поканети на интервју.

Кандидатите треба да  ги достават следниве документи на македонски јазик

Работниот однос е на определено време од три години. Работното време изнесува 40 часа во работната недела, поделено во пет работни дена. Работните часови за полно работно време се 8 часа и тоа со почеток од 7 до 9 часот наутро и завршување од 15 до 17 часот, соодветно, секој работен ден.

Предвидената нето плата за огласените работни места изнесува околу 35.000 денари, а точниот износ ќе се утврди врз основа на работното искуство на кандидатот и описот на работни задачи.

Конкурсот е отворен до 7 август 2019 г., до кога треба да се достави пријавата за работа на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или во просториите на МЦМС. 

Работодавач е: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), ул. Никола Парапунов бр. 41а, Скопје, тел. 02/3065-381. Лице за контакт е Борче Јакимовски.

Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување. Рокот за избор може да се промени врз основа на пријавениот број на кандидати.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Оглас за две работни места во Цивика мобилитас