Локален развој на заедниците - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Локален развој на заедниците - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 октомври 2008 14:58

локален развој во заедницитеРазвојот на руралните заедници и институциите од руралниот сектор покажува дека, и наспроти досегашните активности за поттикнување, се уште не е достигнато потребното ниво на развиеност. Напредокот на организираните заедници и институции пред се зависи од сопствениот развој, кој се соочува со недостаток на стратешка способност и организациски капацитет, како и неразвиен амбиент за дејствување. Значителен дел од проблемот е отсуството на одржливост на развојните проекти особено присутно во руралните и други мали општини каде што е потребно сензитација на неразвиените сегменти.

Општата цел на програмата е унапредување на одржливиот развој во заедниците. Поттикнатиот локален развој на рурални и маргинализирани заедници преку зголемена партиципација и организациско јакнење претставува цел на програмата која води кон остварување на општата цел.

Програмата се стреми да постигне 5 специфични резултати кои водат до остварување на целта на оваа Програма: Подобрен капацитет (модернизација) на руралните и други мали заедници за развојни иницијативи; Воспоставени партиципативни пристапи во заедниците; Подобрена транспарентност во работењето на заедниците; Изградена (подобрена) јавна поддршка за руралните и други мали заедници; и Поттикнати иновации и активности за решавање на проблемите во заедниците. Овие резултати се комплементарни и се надополнуваат меѓусебно.

Во периодот од 2001 до 2005 година, МЦМС ја спроведуваше програмата за Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ), која во себе го имаше интегрирано делот што значеше обезбедување на организационен и управувачки капацитет за заедниците. Оваа програма овозможи подобро следење и поквалитетно влијание за градење на капацитет на локалните заедниците. Сега, вака предложената програма за Локален развој на заедниците - ЛРЗ е последователна на програмата ОЗИ и е адаптирана врз основа на искуствата стекнати во претходниот период.

Вклученоста на целната група во спроведувањето на активностите е од посебно значење за успехот на оваа програма. Улогата на програмата за Локален равој на заеднците (ЛРЗ) е обезбедување на целосна вклученост на граѓаните во развојните иницијативи од нивниот почеток (идеја) до нивното целосно завршување. Посебен осврт се става на градење на капацитетите на локалните заедници, транспарентност и отчетност во работата на општините, зголемена партиципација во процесот на одлучување и сензитација за проблемите во руралните заедници.

Програмата за Локален развој на заедниците во следниот период од три години потребно е да се развива како еден од клучните фактори што ќе придонесе за одржлив развој на заедниците.

Вкупниот буџет потребен за реализација на тригодишна програма изнесува 30.600.000 МКД или 500,000 ЕУР.

Временскиот период на програмата е од 2006 до 2008 година.

Тековен извештај од програмата.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Локален развој на заедниците - извршно резиме