Професионален развој на наставниот кадар во основните училишта - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Професионален развој на наставниот кадар во основните училишта PDF Печати Е-пошта
Недела, 20 јули 2008 13:04

Професионален развој на наставниот кадар во основните училиштаАнализата на состојбата со професионалниот развој на наставниците во текот на нивното работење направена од страна на Министерството за образование и наука укажува на недостаток на усогласени инвестиции во оваа сфера, посебно кога ќе се спореди со иницијалното образование на наставниците. Обуката на наставниците во текот на работата со цел да одговорат на новите предизвици во Македонија не е задолжителна и се обезбедува во прилично ограничен степен.

Како одговор на горенаведените предизвици Владата на Република Македонија имплементира заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во износ од 5 милиони УСД, грант во износ од 10 милиони ЕУРО од Холандската Влада и 3 милиони УСД учество на Владата  на Република Македонија за Проектот за модернизација на образованието.

Општа цел на проектот беше придонес кон осовременување и модернизација на образованието во Република Македонија.

Цел на проектот беше придонес кон унапредување на квалитетот на наставата и зголемување на учеството во наставата во целните училишта на проектот.

Една од компонентите на проектот е градење на капацитетие и професионален развој на наставниците во основните и средните училишта.

Единицата за координација на проектот при Министерството за образование и наука, во април 2006 г. издаде Каталог на провајдери и нивни програми за обука на наставниците, во кој се вклучени темите, наставните програми, содржината и цената на обуките. Училиштата, во зависност од потребите и висината на расположливиот грант кој Министерството за образование и наука му го доделува на секое училиште, избираат тема на обука и провајдер кој сакаат да им ја испорача избраната обука. По селекцијата од страна на училиштата, провајдерите склучуваат Договор со Министерството за образование и наука во кој ги прецизираат сите детали во врска со испорака на обуката.

За учебната 2006/2007 година МЦМС има склучено Договор со министерството за  образование и наука за испорака на вкупно 6 (шест) обуки и тоа: 3 (три) обуки за Проект менаџмент, 1 (една) обука за Вештини на комуникација, 1 (една) обука за Партиципативен приод кон учењето и 1 (една) обука за менаџмент во училиште, за следниве 6 (шест) основни училишта во Република Македонија и тоа: ОУ “Санде Штерјоски“, Кичево; ОУ “25 Мај“, нас. Синѓелиќ, Скопје; ОУ “Петар Здравковски Пенко“, Скопје; ОУ “Гоце Делчев“, Неготино; ОУ “Маца Овчарова“, Велес и ОУ “Бајрам Шабани“, Куманово. Во рамките на ово проект беа обучени вкупно 81 наставници и друг училишен персонал.

Временски период на спроведување е 01 февруари – 17 декември 2007 г.

Финансискиот извештај на проектот изнесува 414.659,00 МКД (директни трошоци)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Професионален развој на наставниот кадар во основните училишта