Унапредување на квалификациите на наставниот кадар во основното образование - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Унапредување на квалификациите на наставниот кадар во основното образование PDF Печати Е-пошта
Сабота, 07 Февруари 2009 13:58

Анализата на состојбата со професионалниот развој на наставниците во текот на нивното работење направена од страна на Министерството за образование и наука укажува на недостаток на усогласени инвестиции во оваа сфера, посебно кога ќе се спореди со иницијалното образование на наставниците. Обуката на наставниците во текот на работата со цел да одговорат на новите предизвици во Македонија не е задолжителна и се обезбедува во прилично ограничен степен.

pmo201Како одговор на предизвиците за социјална кохезија и намалување на сиромаштијата, Владата на Република Македонија имплементира заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во износ од 5 милиони УСД, грант во износ од 10 милиони ЕУРО од Холандската Влада и 3 милиони УСД учество на Владата  на Република Македонија за Проектот за модернизација на образованието.

Општа цел на проектот беше придонес кон осовременување и модернизација на образованието во Република Македонија.

Цел на проектот беше придонес кон унапредување на квалитетот на наставата и зголемување на учеството во наставата во целното училиште на проектот.

Целна група на проектот беше ОУ Христијан Тодоровски Карпош, Скопје.

Директни корисници беа 7 наставници, раководство и друг училишен персонал од ова основно училиште.

Резултат на проектот беше: обучени 7 наставници, раководство и друг училишен персонал од ОУ Христијан Тодоровски Карпош, Скопје, на темата Вештини на комуникација.

Временски период на спроведување на проектот е 01 мај – 25 ноември 2008 г.

Финансискиот извештај на проектот изнесува 21.307,00 МКД (директни трошоци).

Односите и соработката на МЦМС со Проектот за модернизација на образованието и училиштето Христијан Тодоровски Карпош, Скопје може да се оцени како добра и професионална.

Во рамките на активностите поврзани со односите со јавност, Гонце Јаковлеска, одговорен соработник во Одделението за информации изработи стории/интервјуа со учесниците, и истите беа обајвени на web страната на МЦМС.

МЦМС имаше одговорност за спроведување на проектот согласно Договорот за консултантски ангажман потпишан со Министерството за образование и наука.

МЦМС до Директоратот на Единицата за координација на Проектот за модернизација на образованието ги достави следниве извештаи: Првичен извештај во кој беше вклучен адаптираниот план за обука, Завршен извештај во кој беа вклучени и извештаите од евалуацијата на обуките, Портфолио за секој учесник во кој беа вклучени и оценките од проверката на знаењата и Индивидуални акциски планови на секој од учесниците.

Единицата за координација на Проектот за модернизација на образованието имаше свои формати во кои беа поднесени извештаите.
Со цел што е можно поточно и поконкретно да се евалуираат специфичностите на спроведената обука, за времетраењето на обуката се спроведоа две евалуации на обуката преку стандардна форма на прашалници во формат на МОН.

МЦМС подготви и прашалници за проценка на стекнатите знаења на учесниците и спроведе тестирање. Резултатите од тестирањето се дадени во портфолијата на секој наставник поединечно и се доставени до МОН.

Евентуалниот ризик по прашањето на последователни активности (селекција на МЦМС од страна на училиштата во наредниот циклус на развојно планирање во училиштата) е во тоа што провајдерите кои се влезени во Каталогот на програми за обуки не смеат да вршат промотивни активности и поттикнување на училиштата за нивни избор како провајдери.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Унапредување на квалификациите на наставниот кадар во основното образование