Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики (РЕС) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики (РЕС) PDF Печати Е-пошта
Вторник, 20 Февруари 2024 16:07

IMG 20240219 WA0000 CustomНационалните политики во спортот бележат значителни недостатоци во усвојувањето на современи пристапи за добро владеење, инклузивност и родова еднаквост. Во минатото, спортските инклузивни политики беа занемарувани и тоа доведе до отсуство на сеопфатни политики усогласени со европските стандарди. На национално ниво недостигаат и институционални и секторски капацитети, иако националните спортски управни тела (федерации) се трудат да развијат и имплементираат инклузивни спортски политики. Нагласената машка доминација во спортот резултираше со донесување на родово слепи политики, ограничено женско учество, недоволно женско лидерство и несоодветна заштита од родово базирано насилство во спортот. 

Националните политики во спортот бележат значителни недостатоци во усвојувањето на современи пристапи за добро владеење, инклузивност и родова еднаквост. Во минатото, спортските инклузивни политики беа занемарувани и тоа доведе до отсуство на сеопфатни политики усогласени со европските стандарди. На национално ниво недостигаат и институционални и секторски капацитети, иако националните спортски управни тела (федерации) се трудат да развијат и имплементираат инклузивни спортски политики. Нагласената машка доминација во спортот резултираше со донесување на родово слепи политики, ограничено женско учество, недоволно женско лидерство и несоодветна заштита од родово базирано насилство во спортот. 

Спортскиот сектор во Северна Македонија моментално е без добро воспоставени политики во однос на родовата еднаквост и заштита, особено во рамките на Националните спортски федерации (НСФ). И покрај тоа што во земјата се вклучени над 100.000 поединци во 50 различни спортови, постои значителен јаз во спроведувањето на политиките и знаењето во однос на стратегиите за подобрување на родовата инклузивност. Следствено, жените и девојките се соочуваат со бариери во пристапот до процесите на донесување одлуки, обезбедувањето финансирање, учеството во спортски активности и пристапот до програмите за развој на лидерство.

На национално ниво, Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 ја препознава важноста на родовата еднаквост во спортот. Во специфичната цел 2.10 од Стратегијата (Унапредување на родовата еднаквост во спортот) се поставуваат очекуваните резултати, како што се: зголеменото учество на жените и девојките во рекреативни и професионални спортски активности преку соодветни програми и стимулативни мерки, воспоставени мерки за поддршка на жените и професионално да останат во спортот, зголемена финансиска поддршка на централно и локално ниво за женски спортски клубови и спортистки и итн. 

Со оглед на утврдените недостатоци и потреби во националните спортски политики и мапирањето на надлежностите на националните институции за спорт, овој проект ќе придонесе за подобрување на родовата еднаквост во спортот преку сеопфатно застапување и трансформација на политиките. Со реализација на овој проект ќе се поттикне вклучување на жените во спортот преку помагање на спортските институции во креирањето и спроведувањето на родово одговорни политики. Исто така, преку застапување базирано на докази и воспоставување на цврста и одговорна заштитна рамка, ќе се поттикне инклузивноста, безбедноста и поддржат позитивните промени во спортската средина.

Сите недостатоци идентификувани во спорстките политики во однос на учеството на жените се значајна бариера за напредок, имајќи предвид дека спортскиот сектор во Северна Македонија вклучително и националната спортска агенција, ретко се подложни на градење на капацитетите во оваа област. Како одговор, дизајниравме сеопфатна програма за пополнување на оваа празнина, со цел да ги обезбедиме потребните вештини, знаења и поддршка потребни за позитивен напредок во спортскиот сектор и женското вклучување во истиот.

Програмата ќе ја спроведуваат Олимпсикиот комитет на С. Македонија (како координатор), Македонскиот центар за меѓународна соработка, Спорт Соушл Солушнс, Македонски Параолимписки комитет.

Периодот на спроведување е 1 јануари 2024 г. – 31 декември 2026 г.

Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија. 

Буџетот изнесува 23.223.359 денари.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики (РЕС)