Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони - Годишен извештај од следењето на ЕНЕР во 2021 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони - Годишен извештај од следењето на ЕНЕР во 2021 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 19 мај 2022 12:55

Автор: Валентина Величковска
Дата: Мај, 2022
PDF: Ogledalo_na_Vladata_2021.pdf

onv 2021

Активно и транспарентност вклучување на граѓаните во креирањето на правната регулатива е предуслов за едно демократско општетво чии постулати се транспарентноста и отчетноста. Токму преку учество на јавноста во процесите на подготовка на закони и креирање политики се овозможува засегнатите страни да влијаат во развојот на политики и законите кои ги засегаат. Преку учеството на засегнатите страни, Владата има пристап до нови идеи, информации и ресурси важни во процесот на креирање на политики. Консултациите придонесуваат кон градење на меѓусебната доверба и развивање на демократските принципи.

Во Македонија има повеќе акти кои ја даваат основата за вклучување на јавноста во процесите на донесување закони. Тоа се Уставот на Република Северна Македонија, потоа Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување, Законот за работа на Владата, Законот за организација и работа на органите на државната управа и др. Исто така, низа подзаконски акти го регулираат ова прашање, како: Деловникот за работа на Владата на РСМ, Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, Методологијата за процена на влијанието на регулативата, Упатството за начинот на постапување во работата на министерствата во процесот на спроведување на процената на влијанието на регулативата (во продолжение Упатство), Правилник за организација на јавни консултации при започнување на легислативен процес, итн.

Електронски консултации за предлог-закони е овозможено преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е одговорно за развивање и одржување на ЕНЕР, а секое поединечно министерство е одговорно за поставување на содржините (предлог-законите) кои се во негова надлежност. На сајтот на ЕНЕР, секоја засегната страна може да го изнесе своето мислење и да даде коментари и сугестии за објавените предлог-закони. Согласно со Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 113/2017), министерствата се должни да ги објавуваат на ЕНЕР предложените предлог-закони уште во процесот на нивна подготовка, со цел истите да бидат достапни за јавни консултации минимум 20 дена. Иако постојат различните законски можности за консултации, сепак ЕНЕР станува речиси единствена алатка за јавен увид на предлог законите. Ова ја наметнува потребата за неговото континуирано следење.

Македонски центар за меѓународна соработка, од 2013 година, редовно ја следи практиката на објавување на предлог-закони на ЕНЕР. Во овој извештајот се претставени резултатите од следењето на минимумот стандарди за учество на јавноста во подготовка на законите, односно објавување и запазувањето на временскиот рок за консултации за објавените предлог-закони на ЕНЕР во 2021 година. Извештајот треба да им послужи на организациите, државните службеници и општо на јавноста да се информираат за отвореноста на органите на државната управа во процесот на креирање политики. Намерата е да придонесе кон подобрена застапеност и учество на граѓанското општество во подготвувањето на јавните политики, преку воспоставување и спроведување модел за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони и информирање за спроведувањето на постоечките механизми со кои е предвидено вклучување на јавноста. 

Имајќи предвид дека станува збор за долготраен процес на градење на знаење и доверба, потребно е континуирано да се работи на подобрување на можностите за вклучување на јавноста со цел создавање квалитетни предлог-закони и нивно подобрено спроведување. Токму од тие причини, за прв пат во овој Извештај се обработува и делот на вклучување на јавноста во процесот на креирање на легислатива која е на предлог на пратеници од Собранието на Република Северна Македонија. На тој начин, ќе се овозможи да се утврди дали овој орган спроведува и на кој начин одредени политики за транспаретност и отчетност во процесот на креирање на политики. Дополнително, потребно е и стекнување доверба кај јавноста што понатаму ќе го легитимира одлучувањето и работењето на законодавната и извршната власт.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони - Годишен извештај од следењето на ЕНЕР во 2021