КОВИД-19 во Македонија, една година пандемија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

КОВИД-19 во Македонија, една година пандемија PDF Печати Е-пошта
Среда, 03 март 2021 10:50

Датум: март 2021
PDF: edna-godina-kovid-19-pandemija-vo-makedonija.pdf

kovid 19 365На 26 февруари 2020 година  беше регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19 Вкупниот број заразени за една година достигна 101.214 лица.  

Оваа објава е потсетување за развојот на болеста Ковид-19 и потенцијалот за вакцинирање на населението, кога државата ќе го почне процесот на имунизација. 

Светската здравствена организација (СЗО), на 11 март 2020 година прогласи пандемија на новиот коронавирус, Ковид-19. Причината за ова беше распространетоста на вирусот на повеќе континенти како и фактот дека станува збор за нов вид вирус. На овој начин, СЗО порача колку е сериозна ситуацијата ставајќи на знаење дека секоја земја мора да се подготвува за справување со оваа криза.

Бројот на новозаразени полека растеше. На пример, за два месеци, од 26 февруари до 26 април, вкупниот број на инфицирани стигна до 1.386, а бројот на починати до 61. Во тој период, во државата беше прогласена вонредна состојба, две општини беа ставени во карантин, а лицата кои ги напуштаа границите на земјата мораа да потпишат лична изјава со која се обврзуваат дека во наредните три месеци нема да се вратат назад во земјата. Државата си ги преброја државјаните заглавени надвор од границите и им овозможи враќање дома преку копнен или воздушен пат. Мерките на претпазливост подразбираа забрана на движење кои во различни периоди се движеа од 9 до 85 часа.    

Како што може да се види и од графиконот 1, вкупниот број на заразени драстично се зголеми во текот на летните месеци кога рестрикциите за движење беа намалени. Бројот на заразени во месеците јуни-септември се зголеми четирикратно споредено со месеците кога се појави заразата. Најголем број на заразени беа регистрирани во текот на месец ноември, кога бројката достигна 30.306 За споредба, ако бројот на заразени во првите два месеци се искачил на 1.389, на 10 ноември, само во еден ден биле регистрирани 1.321 новозаразен. 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите КОВИД-19 во Македонија, една година пандемија