Незаконско, неодговорно и нерационално трошење на парите на граѓаните прикажано преку извештаите на Државниот завод за ревизија |
![]() |
![]() |
![]() |
Понеделник, 22 јуни 2015 15:44 | |||
Автор: Слаѓан Пенев
Овие тела се само набљудувачи на злоупотребите и трошењето на буџетските средства што секојдневно се случуваат пред нивните очи. Извештаите, пак, кои Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги прави при анализата на работењето на Владата, нејзините министерства и јавните претпријатија, содржат навистина фрапантни податоци. Владата и другите државни институции се однесуваат крајно нетранспарентно, коруптивно и имаат игнорантски однос кон законите во Република Македонија. Од извештаите на ДЗР може да се заклучи дека Владата и владините институции, наместо да им дадат пример на другите институции како треба да се функционира и како се спроведуваат законите, тие се пример за нетранспарентност и корупција. Имајќи предвид дека негативните мислења и мислењата со резерва се неизоставен дел од извештаите на ДЗР за работењето на државните институции, се наметнува потребата од анализа на ревизорските извештаи кои се објавувани на веб-страницата на ДЗР со цел повторно да се укаже за ненаменското и нетранспаретно трошење на јавните средства.
|