Гонце Јаковлеска - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Гонце Јаковлеска PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 октомври 2008 08:27

Гонце ЈаковлескаГонце Јаковлеска, Извршен директор
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 970

Родена на 13.07.1969 во Радовиш. Дипломира на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, а во 2013 година се стекнува со звањето магистер по комуникации на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Таа е соработник за односи со јавноста во МЦМС од 1996 година. Нејзини клучни квалификации се односите со јавноста и во тие рамки: комуникација со медиумите, промоција преку информативни изданија и користење на нови технологии, консултации и испорака на обуки за односи со јавноста и комуникациски вештини, фасилитација на настани и процеси. Била одговорна за раководењето на неколку програми, претежно поврзани со кампањи и медиуми. Била дел од тимот што го организирал НВО Саемот – Форум на граѓанското општество во Македонија и кампањите на МЦМС: Цело е кога има се; Јас живеам овде, Кажи ОК за МК, Еден до друг-различни, а еднакви итн. Таа има испорачано голем број обуки за различни целни групи, во Македонија и странство Ко-автор е на повеќе истражувачки извештаи на МЦМС во областа на општествената одговорност на граѓаните и автор на неколку промотивни публикации. Има испорачано голем број обуки за различни целни групи, во Македонија и странство.

LinkedInhttp://mk.linkedin.com/in/goncejakovleska

 


Gonce Jakovleska_t01 
Gonce Jakovleska_t04
 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Гонце Јаковлеска