Општа доверба на граѓаните и доверба во институциите [медиуми] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Општа доверба на граѓаните и доверба во институциите [медиуми] PDF Печати Е-пошта
Четврток, 10 Февруари 2011 11:07

Медиумите ја објавија веста во врска со истражувањата на МЦМС за прашања од општествен интерес, меѓу кои и за општата доверба и довербата во институциите.

ЈАВНОМНЕНСКИ ТУРБОФЕСТ

Но, за името, не е нешто особено ново а сумарниот резултат е дека граѓаните не се подготвени за отстапки. Многу по суштински се ставовите за довербата во државата, во институциите во земјата во која живееме

Опсипани сме и посипани со телефонски анкети што ни кажуваат што навистина мислиме зашто ние, кобајаги, не знаеме што мислиме. Меѓутоа, сите тие имаат и една тајна и нејавна порака: пазете што мислите зашто мнозинството мисли така и така, па случајно да не скршнете од трендот. И луѓето, вистина малку ќе се замислат, па ќе речат - неопределен! А всушност нема неопределени, нема ниту аполитични, нема ниту апстиненти. Едноставно, не сакаат да им се влијае или пак да влијаат. А со телефонските анкети можете да добиете с' што сакате, можете запетката да ја ставите пред или по „да" или „не", или да кажете: „меѓутоа"... но тоа не се смета.

Извор: Дневник

 

Медиумите брзаат кон последната вест

Промена на амбиентот, дистанцирање од политиката, почитување на новинарските стандарди и неутрален јавен сервис, се дел од најнужните промени за да запре паѓањето на довербата во јавните гласила.

Злоупотребите, директните политички и бизнис-влијанија и с' поголемото отстапување од елементарните новинарски стандарди, длабоко ја поткопуваат довербата на граѓаните во македонските медиуми. Трендот што го покажа завчерашната анкета на МЦМС, со кој за само две години таа падна за цели 13,2 проценти, односно на 40,4 отсто, и практично се совпадна со с' пониските рејтинзи на „делумно слободна земја" што ги добиваме од релевантните меѓународни организации, специјализирани за медиумските слободи во светот. Истовремено, наспроти забрзаната ерозија на довербата, с' уште не се преземаат законски, саморегулаторни или други мерки што би го запреле загрижувачкиот процес.

Извор: Дневник

 

Паѓа довербата во Владата и во медиумите

Граѓаните с' помалку им веруваат на Владата и на медиумите, а се повеќе на правосудството, покажува анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка, направена во декември минатата година врз 1.300 испитаници. Резултатите истовремено покажале стабилна доверба во Армијата, образовните институции, полицијата, здравствените институции.

Извор: Дневник

 

Судиите станаа ѕвезди откако сите го искритикуваа судството

Македонскиот центар за меѓународна соработка е изненаден од последните резултати од анкетата направена во декември лани, според која 395 од 1.300 испитаници кажале дека имаат доверба во судството, што е пораст за 10 отсто во однос на истражувањето од 2008 година. На судиите, пак, им верувале 374 граѓани, осум отсто повеќе од претходно. Резултатот е изненадувачки ако се земат предвид многуте процеси што се оценети како политички, но и сериозните критики од меѓународната заедница, пред сé кон министерот за правда.

Извор: Нова Македонија

 

Се' помала доверба и во медиумите

Општата доверба загрижувачки стагнира, а граѓаните се' помалку веруваат, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка од декември минатата година. Останале само 9,7 проценти доверба споредено со 2008 кога довербата била 23 проценти. Дека треба да се биде внимателен мислат 83,4 отсто од анкетираните, а во 2008 тој процент бил 76,9.

Извор: Утрински весник

 

Судството со повеќе, Владата со помалку доверба

Граѓаните се повеќе им веруваат на судството и на судиите, а се помалку на Владата и на медиумите, покажува најновата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Стабилна доверба граѓаните имаат во армијата, образовните и здравствените институции и во полицијата. Анкетата е спроведена во декември 2010 година.

Извор: Време

 

Ниска доверба кон Владата

Граѓаните генерално имаат ниска доверба, покажа истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Довербата во институциите е стабилна, додека стабилноста е сочувана и покрај големиот пад на довербата кон медиумите од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година и умерен пад на довербата во државата и во политичките партии, заради зголемувањето на довербата во граѓанскиот сектор и во меѓународната заедница. МЦМС ја реализираше анкетата во репрезентативен примерок од 1.300 испитаници во декември 2010 година. Стабилна е и довебата на граѓаните во граѓанскиот сектор, односно Армијата, образовните институции, полицијата, здравствените институции.

Извор: Коха е ре

 

Албанците не и веруваат на државата

Владата, Претседателот на државата, Армијата и Полицијата се институции што најмалку ја имаат довербата на Албанците. Ниска доверба, Албанците имаат и кон политичките партии, додека меѓународните заедници како НАТО и ЕУ, продолжуваат да имаат голема „симпатија".

Извор: Коха

 

Анкета на МЦМС: Граѓаните имаат ниска општа доверба

Граѓаните имаат ниска општа доверба. Довербата во институциите е стабилна, а стабилноста е задржана и покрај големиот пад во довербата во медиумите од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година и умерениот пад на довербата во државата и во политичките партии, поради растот на довербата во граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.

Ова се дел од заклучоците од Извештајот „Довербата во институциите и во граѓанското општество" на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС ја реализираше четвртата годишна анкета на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници во декември 2010 година. Во годинашниот извештај повторно се дадени повеќе индекси за следење на работата со кои ќе се олеснат анализите на трендовите.

Извор: МРТВ

 

Анкета на МЦМС: Граѓаните се помалку и веруваат на Владата и на медиумите

Граѓаните имаат ниска општа доверба. Довербата во институциите е стабилна, а стабилноста е задржана и покрај големиот пад во довербата во медиумите од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година и умерениот пад на довербата во државата и во политичките партии, поради растот на довербата во граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.

Извор: Алсат-М

 

Анкета на МЦМС: Граѓаните имаат ниска општа доверба

Граѓаните имаат ниска општа доверба. Довербата во институциите е стабилна, а стабилноста е задржана и покрај големиот пад во довербата во медиумите од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година и умерениот пад на довербата во државата и во политичките партии, поради растот на довербата во граѓанскиот сектор и меѓународната заедница

Извор: ТВ Сител

 

Анкета на МЦМС: Граѓаните имаат ниска општа доверба

Паѓа довербата кај Владата и кај медиумите, расте кај правосудството, судиите. 1.300 испитаници кои во декември 2010 година одговарале на четвртата годишна анкета на Меѓународниот центар за меѓународна соработка покажале стабилна доверба во Армијата, образовните институции, полицијата, здравствените институции.

Извор: Канал 5

 

Анкета на МЦМС: Граѓаните имаат ниска општа доверба

Граѓаните имаат ниска општа доверба. Довербата во институциите е стабилна, а стабилноста е задржана и покрај големиот пад во довербата во медиумите од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година и умерениот пад на довербата во државата и во политичките партии, поради растот на довербата во граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.

Извор: МИА

 

Анкета на МЦМС - Граѓаните имаат ниска општа доверба

Граѓаните имаат ниска општа доверба. Довербата во институциите е стабилна, а стабилноста е задржана и покрај големиот пад во довербата во медиумите од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година и умерениот пад на довербата во државата и во политичките партии, поради растот на довербата во граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.

Извор: Ин пресс

 

Расте довербата во правосудството и судиите

МЦМС објавува дека стабилноста е задржана и покрај големиот пад во довербата во медиумите од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година и умерениот пад на довербата во државата и во политичките партии, поради растот на довербата во граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.

Извор: Курир

 

Македонија, Албанците не им веруваат на институциите

Според една анкета спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), етничките Албанци имаат помалку доверба од етничките Македонци во институциите, кои се перципираат како симболи на државата и во националниот интерес како претседателот на републиката, Вадата или во Армијата.

Извор: ИНА

 

Пад на довербата во владата и медиумите - зголемена во ОН, ЕУ и НАТО

Граѓаните се помалку и веруваат на Владата и на медиумите. Владата има доверба од 36,8 отсто, што е намалување од 2008 и 2007 година кога изнесува 51 отсто односно 44,6 отсто. Медиумите бележат пад од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година.

Извор: Радио Слободна Европа

 

Граѓаните со поголема доверба кон „сличните"

Паѓа довербата на граѓаните во државата, кон политичките партии и кон медиумите, а расте довербата во граѓанскиот сектор и кон меѓународната заедница, покажуваат резултатите од Извештајот „Довербата во институциите и во граѓанското општество" на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Извор: Журнал

 

Граѓаните им веруваат на ОН, ЕУ, НАТО, а се помалку на Владата

Граѓаните имаат ниска општа доверба. Довербата во институциите е стабилна, а стабилноста е задржана и покрај големиот пад во довербата во медиумите од 53,6 во 2008 на 40,4 отсто во 2010, и умерениот пад на довербата во државата и во политичките партии, поради растот на довербата во граѓанскиот сектор и меѓународната заедница - се дел од заклучоците во извештајот „Довербата во институциите и во граѓанското општество" на Македонскиот центар за меѓународна соработка. МЦМС ја реализираше четвртата годишна анкета на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници во декември лани

Извор: Бизнис

 

Македонските граѓани со голема доверба во НАТО

Две третини од граѓаните се изјасниле дека имаат доверба со Северно Атлантската алијанса, покажа истражувањето на МЦМС.

Со слична доверба граѓаните и кон Европската Унија (57,8 проценти) и кон ООН (61,1 проценти), а довербата кон меѓународната заедница е поголема за 6,3 процентни поени во однос на 2008 година.

Извор: Прес 24

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Општа доверба на граѓаните и доверба во институциите [медиуми]