|
Четврток, 14 август 2003 01:00 |
|
„Меѓу тоа“ е насловот на страницата што од денеска па во наредните речиси две години секој четврток ќе се објавува во пет весници на македонски и на албански јазик, а постојано и на веб страницата на МИА, со цел подобро, пообјективно и сестрано информирање на јавноста за меѓуетничките односи во Македонија.
|
|
Среда, 16 јули 2003 01:00 |
|
Скопски "Алкалоид", А1 Телевизија, Македонското женско лоби и Боге Чадиновски се годинешните добитници на наградите за Одржлив развој "Херт Јан Апелдорн" и за Граѓанско општество и демократија.
|
|
Вторник, 15 јули 2003 01:00 |
|
Отворена е нова S.О.S линија за помош на зависниците од дрога. Здружението на социјални работници на град Скопје, заедно со Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, отвори бесплатна телефонска линија: 080011444, на која освен информации за превенција и злоупотреба на наркотични средства, ќе може да се добијат информации и за сидата.
|
|
Среда, 11 јуни 2003 01:00 |
|
Во годината кога го прослави јубилејот 10 години постоење, А1 Телевизија доби уште едно призание - награда за долгогодишен придонес во развојот на граѓанското општество и демократијата, што ја додели Македонскиот центар за меѓународна соработка.
|
|
Понеделник, 13 јануари 2003 01:00 |
|
Македонската Влада денеска ја усвои информацијата за поплавите во дел од Куманово, според која, погодени се 403 семејства или 2.000 лица, изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски.
|