Системско вреднување на ЈКП и градење на капацитетите за АДКОМ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Системско вреднување на ЈКП и градење на капацитетите за АДКОМ PDF Print E-mail

Децентрализацијата е комплексен процес со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард и е тесно поврзан со напорите за интеграција во Европа.

lrz204-ziНационалните и регионалните институции/организации, во тој контекст и Асоцијација на даватели на комунални услуги во Република Македонија (АДКОМ), како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки Јавните комунални претпријатија (ЈКП) имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата.
Основната улога на АДКОМ како национална организација е да биде чекор пред процесите на децентрализацијата, да ги креира и предводи промените на кои се изложени и ги спроведуваат нејзините членки.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на АДКОМ се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот беше подготвеност на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот беа заедници, ЈКП-и, и АДКОМ.

Целното подрачје ја опфати целокупната територија на Република Македонија.

Постигнати резултати се: зајакнати капацитети на администрацијата на АДКОМ и подобрена компетитивност и транспарентност во работењето на ЈКП во Македонија.

Активностите преку кои беа постигнати горенаведените резултати се: Финализирање на проектен документ за заедничка набавка на возила за сите ЈКП во Македонија; Изработка на стратешки акционен план на АДКОМ; Редизајнирање на веб-страната на АДКОМ и обука на вработените за одржување на веб-страната; Изработка на База на податоци (адресар) на ЈКП во Македонија; Системско вреднување (бенчмаркинг) на ЈКП во Македонија, Работилница за новиот Закон за гробишта и погребални услуги, и Работилница за Законот за Јавни набавки.

МЦМС имаше одговорност за управување на проектот, а заедно со АДКОМ имаа одговорност за негово спроведување.

Успешната и навремената реализација на проектот во најголема мерка зависеше од претпоставката дека АДКОМ и нејзините членки имаат капацитет за успешно и квалитетно да ги спроведат планираните активности. Овој ризик делумно се оствари во дел од активностите со помалиот опфат на ЈКП од планираното како резултат на пасивноста на ЈКП во Македонија за соработка и вмрежување. Исто така, во дел од активностите податоците доставени од ЈКП до АДКОМ во одреден дел не се совпаѓаа или беа нецелосни што доведе до потешкотии при нивната обработка и анализа.

Временскиот период на спроведување беше од 23 јуни до 24 декември 2008 година.

Вкупните расходи на проектот изнесуваат 608.588,00 МКД. МЦМС обезбедува 450.000,00 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de). Останатите средства се учество на Светска Банка 73.588,00 МКД и сопствено директно учество на АДКОМ во износ од 85.000,00 МКД.

 

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Home Our Work Programmes