Системско вреднување на ЈКП и градење на капацитетите за АДКОМ - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Системско вреднување на ЈКП и градење на капацитетите за АДКОМ - извршно резиме PDF Print E-mail

Децентрализацијата е комплексен процес со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард и е тесно поврзан со напорите за интеграција во Европа.

Модерната локална самоуправа од европски тип бара умешност и компетентно управување во општините. Прифаќањето на новите стандарди и вредности во функционирањето на локалната самоуправа, новата организациска култура, зајакнати капацитети на луѓето во администрацијата преку унапредување на знаењата и вештините е чекор кон ефикасно и ефективно задоволување на потребите и интересите на граѓаните.

Професионализацијата на локалната самоуправа преку стекнување на нови знаења и вештини е императив за успешно спроведување на децентрализацијата и ефикасноста на локалната самоуправа.

Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и АДКОМ, како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки Јавните комунални претпријатија имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата.

Основната улога на АДКОМ како национална организација е да биде чекор пред процесите на децентрализација, да ги креираат и да предводи промените на кои се изложени и ги спроведуваат нејзините членки.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на АДКОМ се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот е подготвеност на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот се заедници, Јавни комунални претпријатија (ЈКП), и АДКОМ.

Целното подрачје ја опфаќа целокупната територија на Република Македонија.

Очекувани резултати се: зајакнати капацитети на администрацијата на АДКОМ и подобрена компетитивност и транспарентност во работењето на ЈКП во Македонија.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: Финализирање на проектен документ за заедничка набавка на возила за сите ЈКП во Македонија; Изработка на стратешки акционен план на АДКОМ; Редизајнирање на веб-страната на АДКОМ и обука на вработените за одржување на веб-страната; Изработка на База на податоци (адресар) на ЈКП во Македонија; Системско вреднување (бенчмаркинг) на ЈКП во Македонија и Работилница за Законот за Јавни набавки.

Ризикот за (не)успешната реализација на целите на проектот исто така, е во корелација и со соработката и поддршката на АДКОМ имплементирана од други значајни агенции. Имено шестте активности за организациска поддршка може да не се доволен инпут во остварувањето на целите за подготвеност на АДКОМ и нејзините членки за континурано практикување на иновативни модели и модернизација, но синергијата помеѓу овие активности и соработката и поддршката од другите релевантни актери и агенции е секако важен удел во подобрување на капацитетите на АДКОМ.

Временскиот период на спроведување е 23 јуни – 15 декември 2008 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 925.000,00 МКД МКД (директни трошоци), од кои 450.000,00 МКД се обезбедени од МЦМС, 85.000,00 МКД се сопствено директно учество на АДКОМ и 390.000,00 МКД се финансиска поддршка доделена на АДКОМ од Светска Банка.

 

Завршен извештај од проектот.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Programmes