„Европа без граници“ |
Friday, 23 January 2009 15:31 | |||
[Прес соопштение] ЕКАС со партнерите се придружуваат на мотото на чешкото Претседателство со ЕУ „Европа без граници“ . Ние доследно ја оспоруваме потребата за рестрикции што се наметнуваат врз слободното движење на работници од новите земји членки на ЕУ и затоа ја поздравува заложбата на Претседателството да се истакнат негативните ефекти од постоечките преодни мерки и предностите од проширувањето по 5 години. Но, исто така, постојат повеќе скриени бариери и вистински јаз меѓу правилата од Спогодбата, прецедентното право на Судот и законодавството, во кое се става акцент на слободното движење и европското државјанство, со она што навистина се случува на теренот. Во поширокото европско соседство, ЕКАС со партнерите сметат дека „Европа без граници“ треба да го вклучи и Западен Балкан. Чешкото Претседателство треба да биде чекор во вистинската насока со фокус на зајакнување на граѓанското општество и контактите меѓу луѓето, како и давање поддршка на патоказите за либерализација на визниот режим. Се разбира дека и тука спроведувањето останува отворено прашање, што се покажа и преку отворените телефонски линии и истражувањето спроведено од страна на ЕКАС и партнерските граѓански организации во Западен Балкан во врска со договорите за либерализација на визниот режим. Како придонес кон оваа втора цел, ЕКАС со партнерите го објави извештајот од конференцијата одржана на 10 декември 2008 г. посветена на договорите за олеснување на визниот режим . Дебатата покажа дека постои реален јаз меѓу оние што се одговорни за подготовка на договорите и граѓански организации што го следат спроведувањето на овие договори на теренот. Позадината на оваа дебата беше телефонската линија, отворена од страна на ЕКАС и партнерите, во ист ден низ целиот Западен Балкан (Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) преку која се даваа приговорите и мислењата на јавноста за олеснувањето на визниот режим во комбинација со едно понаучно испитување на граѓаните што ги напуштаа конзулатите. И двата проекти покажаа дека иако либерализацијата на визниот режим создаде големи очекувања, досега не направи некоја значајна разлика. Главната причина е што беа редуцирани само некои од бариерите, јавноста не ги гледа придобивките, особено кога земјите членки не успеваат да го спроведат законот или пак да го внесат духот на олеснување на визниот режим во нивните конзулати. Со договорите за олеснување на визниот режим се покриени само ограничен број бариери за добивање виза:
Исто така, во дебатата беше подвлечено дека Европската комисија треба да усвои потранспарентна политика во однос на визната политика и редовно да ги информира граѓаните и граѓанските организации што работат на либерализацијата на визниот режим за најновите случувања. На тој начин, граѓанското општество може да стане сојузник на ЕК и да изврши притисок врз владите за да се постигнат неопходните реформи наведени во патоказите. Понатаму, европските институции и земјите членки треба да ги земат предвид студиите спроведени од локалните граѓански и меѓународните организации што покажуваат дека е направен реален напредок во регионот во однос на стапката на криминал и кои во голема мерка ги минимизираат негативните последици од миграцијата на работната сила од Западен Балкан. Сé додека не се постигне ова, дебатата нема да ги надмине вообичаените митови и предрасуди што понекогаш постојат во ЕУ. ЕУ постави сопствени принципи и услови за либерализација на визниот режим во форма на патокази. Некои критериуми дефинирани во патоказите за безвизен режим што земјите ги добија од Комисијата се технички и јасно дефинирани (како оние за безбедност на документите и издавање на биометриски патни документи), меѓутоа некои други (како оние што се дефинирани според критериумите за јавен ред и безбедност и особено „борбата против организиран криминал“) се широки и ќе биде мошне тешко да се докаже нивното исполнување. Конечно, одлуката за безвизен режим сепак ќе биде политичка. Токму затоа слоганот „Европа без граници“ не е лесен. За среќа, за времетраењето на отворената телефонска линија и истражувањето, олеснувањето на визниот режим сé помалку се гледаше како крајна цел, а сé повеќе како чекор за целосно укинување на визите за земјите чија иднина лежи во ЕУ.
|