БЦСДН одржа Втор годишен состанок на Совет - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

БЦСДН одржа Втор годишен состанок на Совет PDF Print E-mail
Wednesday, 31 March 2010 13:26

На 31 март, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) одржа Втор годишен состанок на Совет во Сараево, Босна и Херцеговина. Домаќин на состанокот беше Центарот за промоција на граѓанското општество.

БЦСДН одржа Втор годишен состанок на Совет

Состанокот собра 11 постоечки и една нова организација Институтот за демократија и медијација од Тирана, Албанија. Советот го усвои Годишниот деловен и финансиски извештај за 2009 година, Годишниот деловен и финансиски план за 2010, Деловникот за работа на Советот, Принципите за одредување на членарината и селекција на независен ревизор за периодот јануари 2010 – јули 2011 година.

На Советот се информираше и за избраниот нов претседавач на Одборот, Миленко Дерета со мандат до 7 јули 2011 година, На маргините на состанокот, беа дискутирани заеднички билатерални и мултилатерални иницијативи за размена и соработка.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News БЦСДН одржа Втор годишен состанок на Совет