Промоција на Адресар на организациите на иселениците од Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промоција на Адресар на организациите на иселениците од Македонија PDF Print E-mail
Wednesday, 16 December 2009 16:20

Адресар на организациите на иселениците од МакедонијаМакедонскиот центар за меѓународна соработка во соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија го подготвија првиот Адресар на организациите на иселениците од Македонија.

Адресарот ќе биде промовиран на 17 декември 2009 година (четврток) во 11 часот во хотелот Холидеј ин.

Извештајот ќе го промовираат Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС и Васил Наумов, директор на Агенцијата.

Гостин на промоцијата ќе биде Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) кој ќе зборува за потребата од меѓусебна информираност на организациите од дијаспората и организациите од Македонија.

Издавачите на Адресарот имаа за цел да го подобрат информирањето  и соработка на иселениците, како и на македонската јавност и другите актери за работата на организациите и активностите на дијаспората.

За да ја следите промоцијата преку Интернет во живо, вклучете се на http://www.mcms.org.mk/vozivo

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Промоција на Адресар на организациите на иселениците од Македонија