Промоција на Адресар на организациите на иселениците од Македонија |
E mërkurë, 16 dhjetor 2009 16:20 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка во соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија го подготвија првиот Адресар на организациите на иселениците од Македонија. Адресарот ќе биде промовиран на 17 декември 2009 година (четврток) во 11 часот во хотелот Холидеј ин. Извештајот ќе го промовираат Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС и Васил Наумов, директор на Агенцијата. Гостин на промоцијата ќе биде Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) кој ќе зборува за потребата од меѓусебна информираност на организациите од дијаспората и организациите од Македонија. Издавачите на Адресарот имаа за цел да го подобрат информирањето и соработка на иселениците, како и на македонската јавност и другите актери за работата на организациите и активностите на дијаспората. За да ја следите промоцијата преку Интернет во живо, вклучете се на http://www.mcms.org.mk/vozivo
|