Продолжуваат активностите за градење отпорност за насилен екстремизам |
Friday, 18 October 2024 09:39 | |||
МЦМС и Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) потпишаа договор за едногодишно продолжување на програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП)“ што се спроведува од јули 2021 година. Продолжувањето вклучува работа на шест исходи, шест резултати и 20 активности (заедно со завршната студија). Во поглед на реинтеграцијата, фокусот останува на странските терористички борци повратници (СТБП) и нивните семејства. Покрај досегашните, ќе бидат вклучени нови 10 корисници со што вкупниот број на корисници ќе биде 26. Во оваа фаза, дел од активностите ќе се спроведуваат на локално ниво и ќе ги вклучат Локалните совети за превенција (ЛСП). Со нив ќе се работи на градење на капацитетите и ко-организирање на локалните иницијативи. На локално ниво ќе се работи и со дел од училиштата. Во пет од нив ќе биде воспоставен Сервис деск кој ќе се користи како механизам за упатување. За да може да ефикасно да функционира, ќе бидат обучени, а потоа и менторирани ангажираните од училиштата и институциите. Ќе продолжат да се спроведуваат и настаните во заедницата, но со поинаква методологија и на теми кои се поврзани со процесот на радикализација на младите луѓе. Младите ќе бидат вклучени и преку младинските организации и преку училиштата. МЦМС и партнерите ќе продолжат да ги градат капацитетите на институциите на национално ниво, во тесна соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ) и на работниците од првата линија (наставници, општински службеници, претставници на центрите за социјална работа, верски лидери итн.). Покрај МЦМС, во спроведувањето на активностите ќе бидат вклучени партнерските организации Нексус – граѓански концепти и Плеиадес.
|