Цели и стратегии за градење на „Островите на интегритет“ |
Tuesday, 22 October 2024 07:08 | |||
Продолжи спроведувањето на работилниците „Острови на интегритет“ за 12 грантисти на Цивика мобилитас. Учесниците на третата работилница почнаа да ја подготвуваат првата верзија на документот кој вклучува цели за зајакнување на интегритетот и спречување/ограничување на корупцијата и стратегии за постигнување на целите преку системски промени. Двете концептуални рамки кои се користеа во фазата на дијагноза се базираа на формулата за корупција според која, корупцијата е еднаква на монопол плус дискреција минус транспарентност и отчетност и на анализа на трошоците и придобивките. Во првата рамка двете цели на кои работеа учесниците беа: да се ограничат монополот и дискрецијата и да се подобрат отчетноста и транспарентноста. Во втората рамка целта беше да се зголемат придобивките од работењето со интегритет и загубите поради корупција. Во таа смисла, учесниците работеа во групи и дискутираа пленарно за тоа кои би можеле да бидат стратегиите кои ќе ги ограничат монополот и дискрецијата, за видовите контроли што треба да ги има секоја организација, за тоа како да се избегнат корупцијата и дискрецијата на повисоките нивоа, како и за тоа кој треба да ги контролира оние кои контролираат. Во вториот дел, учесниците дискутираат за тоа што го мотивира однесувањето на луѓето и што би ги натерало да работат со интегритет. Тие подетално работеа на системите кои создаваат надворешна и внатрешна мотивација, односно како да се создаде ефикасен систем на наградување и казнување и како да се поттикне автономијата, да се негува усовршувањето и подобрувањето на целта. Учесниците ќе го завршат документот по враќањето во организациите, откако ќе ги консултираат своите соработници. По ова, им останува уште една работилница пред да ја подготват стратегијата и акцискиот план со чие спроведување ќе направат организациски промени за да го зајакнат интегритетот и да ја намалат ранливоста на корупција на своите организации.
|