Продолжуваат активностите за градење отпорност за насилен екстремизам - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Продолжуваат активностите за градење отпорност за насилен екстремизам PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 18 tetor 2024 09:39

МЦМС и Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) потпишаа договор за едногодишно продолжување на програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП)“ што се спроведува од јули 2021 година.

MCMS1041 MCMS 1

Продолжувањето вклучува работа на шест исходи, шест резултати и 20 активности (заедно со завршната студија).

Во поглед на реинтеграцијата, фокусот останува на странските терористички борци повратници (СТБП) и нивните семејства. Покрај досегашните, ќе бидат вклучени нови 10 корисници со што вкупниот број на корисници ќе биде 26. Во оваа фаза, дел од активностите ќе се спроведуваат на локално ниво и ќе ги вклучат Локалните совети за превенција (ЛСП). Со нив ќе се работи на градење на капацитетите и ко-организирање на локалните иницијативи. На локално ниво ќе се работи и со дел од училиштата. Во пет од нив ќе биде воспоставен Сервис деск кој ќе се користи како механизам за упатување. За да може да ефикасно да функционира, ќе бидат обучени, а потоа и менторирани ангажираните од училиштата и институциите.

Ќе продолжат да се спроведуваат и настаните во заедницата, но со поинаква методологија и на теми кои се поврзани со процесот на радикализација на младите луѓе. Младите ќе бидат вклучени и преку младинските организации и преку училиштата.

МЦМС и партнерите ќе продолжат да ги градат капацитетите на институциите на национално ниво, во тесна соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ) и на работниците од првата линија (наставници, општински службеници, претставници на центрите за социјална работа, верски лидери итн.).

Покрај МЦМС, во спроведувањето на активностите ќе бидат вклучени партнерските организации Нексус – граѓански концепти и Плеиадес.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Продолжуваат активностите за градење отпорност за насилен екстремизам