Изборниот интегритет и злоупотребата на државните ресурси во Западен Балкан |
Thursday, 08 August 2024 09:32 | |||
Дата: Февруари 2024 Овој документ за политики ги испитува злоупотребите на државните средства и и нивните длабоки импликации врз демократското управување и изборниот интегритет. Тој обезбедува податоци базирани на увид за откривање на критичните фактори и причините зад експлоатацијата на државните ресурси за време на изборите во земјите од Западен Балкан. Разбирањето на комплексниот карактер на овој феномен е од суштинско значење за да се сфатат сите нијанси на предизвиците со кои секоја земја од Западен Балкан се соочува во нивната борба против злоупотребата на јавните ресурси и политичката корупција. Политичкиот извештај е организиран во пет поглавја: Првото поглавје нуди концизен преглед на тоа што подразбира злоупотребата на државните ресурси, вклучувајќи ги и нејзините различни форми. Второто поглавје ги претставува важните меѓународни стандарди кои служат како репери за справување со злоупотребата на државните ресурси. Третото поглавје се фокусира на правните и институционалните рамки во земјите од Западен Балкан кои го регулираат злоупотребувањето на државните ресурси. Во четвртото поглавје дадени се конкретни примери кои демонстрираат како овие злоупотреби се манифестираат во секоја од земјите. Последното поглавје дава препораки базирани на докази за тоа како да се ублажи злоупотребата на државните ресурси и да се подобри изборниот интегритет низ Западен Балкан.
|