Граѓанските организации најмногу заинтересирани за обуката за планирање проекти и пишување проектни апликации од Онлајн Академијата - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските организации најмногу заинтересирани за обуката за планирање проекти и пишување проектни апликации од Онлајн Академијата PDF Print E-mail
Tuesday, 13 August 2024 13:52

Пет онлајн курсеви се дел од ГРЦ Академијата која беше стартувана во 2021 година. Курсевите беа проследени вкупно 1150 пати со цел слушателите да ги продлабочат своите тековни знаења и да стекнат нови на теми кои се од важност за зајакнато, функционално и одржливо граѓанско општество. Преку ГРЦ Академијата како дигитална и интерактивна образовна алатка граѓанските организации добиваат пристап до ресурсите за учење, кои вклучуваат кратки едукативни видеа, квизови, ресурсни материјали и можност за дискусија со други учесници.

АКАДЕМИЈА 1080 x 720 px 1

Податоците покажуваат дека најголем интерес за развивање експертиза и добивање нови вештини и знаења кај претставниците на граѓанските организации има за Обуката за Планирање проекти и пишување проектна апликација која ја завршиле 874 слушатели. Потоа, Обуката за односи со јавност ја проследиле 153 слушатели, Обуката за Стратешко планирање  49 слушатели, Обуката за Добро управување 42 слушатели и Обуката за Транспарентност и отчетност , проследена од 32 слушатели.

Како последователна активност на онлајн академијата, ГРЦ спроведува работилници и менторство, со цел, по стекнатото основно знаење од онлајн обуките, учесниците да дискутираат за дилемите, да разјаснат одредени прашања кои што им се од интерес, а преку практичната работа да се здобијат со вештини и знаења за примена на наученото во нивното секојдневно работење.

После поминувањето на сите 6 подготвителни онлајн модули од Обуката за планирање проекти, работилницата беше одлична можност да стекнеме практични вештини за подготовка на проектни апликации“, изјави Виктор Атанасов од Младинската Асоцијација КРЕАТИВ од Кавадарци, учесник на работилницата за подготовка на проектни апликации, одржана на 23-24 ноември 2023 во РЦ Штип. “На работилницата, преку практичната работа во групи имавме прилика да ги опфатиме сите фази на еден проектен циклус“ рече тој.

 “Осмисленоста на темите на работилницата беше полн погодок, особено за нас, новооснованите и помалку искусни здруженија, за делување во граѓанскиот сектор. Сите содржини ги исполнија моите очекувања од работилницата и особено е значајно што се теми кои ќе ни помогнат во практичното и секојдневно работење во нашите здруженија.” – изјави Златко Кузманов од здружението Центар за интегрирана безбедност од Скопје, учесник на работилниците за Добро управување,Транспарентност и отчетност, одржани на 12 и 13 декември 2023 година во ГРЦ Скопје. Според него, многу е корисна праксата да се ислушаат кратки, концизни и корисни  видеа, кои ги подготваат учесниците за темите и содржините на самата работилница. Златко Кузманов особено се заблагодари што “ГРЦ им помага на новооснованите, неискусни и сериозни во намерата, здруженија, да застанат на свои нозе во првите година-две од постоењето и да можат да се етаблираат во граѓанското општество.

Градењето капацитети на граѓанските организации е директно поврзано и со грантовата шема на ГРЦ, во рамки на која, завршувањето на сите онлајн обуки од ГРЦ академијата ќе биде предуслов за аплицирање на повикот за доделување на Акциски грантови за локални иницијативи, планиран за септември оваа година.

ГРЦ Академијата е дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Граѓанските организации најмногу заинтересирани за обуката за планирање проекти и пишување проектни апликации од Онлајн Академијата