Младите од Велес и Чашка активно ги кршат предрасудите и стереотипите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Младите од Велес и Чашка активно ги кршат предрасудите и стереотипите PDF Print E-mail
Wednesday, 24 January 2024 17:06

Со проектот „Да си подадеме рака“, Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес влијаеше на младите да станат лидери и општествено одговорни граѓани во нивните локални заедници. Тие се клучните двигатели на промени за создавање слободно и инклузивно општество. Нивното активно учество придонесува за промоцијата на слободата на изразување, заштитата на човековите права, социјалната инклузија и борбата против дискриминацијата.

356055919 933839728039717 7265142973764810301 n

За жал, денес, младите се оддалечени од општествените текови, а образовниот систем не ги подготвува да бидат активно вклучени. Проектот обезбеди простор за младите од општините Велес и Чашка да се борат за своето место во општеството и постојано да ги развиваат социјалните вештини за превенција и заштита од дискриминација. Тие научија како слободно да застанат против дискриминацијата, без предрасуди и стереотипи да ги изразат своите мисли и потреби и на тој начин да допрат до разни засегнати страни, но и до целата јавност.

Во проектот беа вклучени 20 извидници од Сојузот на извидници на Македонија и 50 млади од општините Чашка и Велес. Тие се учеа за важноста на борбата со дискриминацијата, придобивките од еднаквоста за целото општество и зајакнувањето на довербата во механизмите за заштита од дискриминација. Преку организирање на два младински кампа (секој со траење од по 3 дена) во извидничкиот центар „Голозинци“ во истоименото село во Општина Чашка, младите работеа на креирање на различни документи (содржини) во вид на упатства за планирање и реализирање младински активности за борба со предрасудите и стереотипите. Младинските кампови беа водени од искусни инструктори според програмата „woodbage“ на Светската организација на извидничкото движење. Сесиите на камповите се реализираа на интерактивен начин преку проекција на видео материјали и анализирање на фотографии, анализирање на текстови, групна и индивидуална работа и општа дискусија.

слика 1

Овој пристап овозможи младите да ги развијат следните вештини: самите да бидат едукатори, способност да направат избор на квалитетни содржини за борба против дискриминација и да ги проценат последиците предизвикани од дискриминацијата, разбирање на концептот заснован на човекови права и важноста на загарантираните права и слободи за успешна борба против дискриминацијата.

„Нашиот одред има клучна улога во креирањето на антидискриминаторска средина во општините Велес и Чашка. Сакаме да имаме улога во претставувањето и одбраната на лицата што се дискриминирани, како и во подигнувањето на свеста на жртвите и на потенцијалните жртви на дискриминација, кои многу често не се запознаени со нивните права, но и на пошироката јавност“ изјави Ангела Митрева учесничка на еден од младинските кампови.

1

Со овој проект успеавме да го надградиме неформалното образование на младите кое го спроведува Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ на теми поврзани со недискриминација, еднаквост и човекови права. Дополнително, со промоцијата на овој проект беа поттикнати институциите од локалната самоуправа да организираат и да спроведат младински проекти за надминување на дискриминацијата и подготовка на акциски план за решавање на проблемот со дискриминацијата на младите од маргинализираните заедници. Најважно е дека обучените млади во иднина ќе придонесат во понатамошното образование на новите генерации со кои ќе се формира критична маса на граѓани со подобрена самосвест и доверба за борба против дискриминацијата и вклучување на изолираните групи на граѓани во општествените текови.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Младите од Велес и Чашка активно ги кршат предрасудите и стереотипите