Покана за учество на „Антикорупциски караван“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Покана за учество на „Антикорупциски караван“ PDF Print E-mail
Friday, 29 November 2024 14:40

Тимот на програмата Граѓаните против корупцијата со задоволство Ве кани да учествувате на настанот „Антикорупциски караван“ што ќе се одржи на 3 декември (вторник) на плоштадот „Магнолија“ во Битола со почеток од 12:00ч. и на 4 декември (среда) пред „Саат кулата“ во Прилеп со почеток од 11:00ч.

COVER of Bitola i Prilep FB 1080 x 720 px

Целта на настаните е преку директна комуникација тимот на програмата  и претставниците на државните институции одблиску  да ги информираат граѓаните за значењето на борбата против корупцијата, да се дискутира за предизвиците како и да се презентираат можностите за пријавување на случаи на корупција.

Покрај нашиот тим, на настанот ќе учествуваат претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Управата за финансиска полиција и претставници на општините Битола и Прилеп. На настаните граѓаните ќе имаат можност директно да разговараат и поставуваат прашања до горенаведените институции. Оттука, Ве каниме да ни се приклучите на овој „Антикорупциски караван“ на 3 и 4 декември, за да ги поттикнеме релевантните чинители и  граѓаните да ни се придружат во борбата против корупцијата.

Настанот се организира во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Покана за учество на „Антикорупциски караван“