Преку креативна работилница најмладите учеа за интегритет - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Преку креативна работилница најмладите учеа за интегритет PDF Print E-mail
Friday, 16 February 2024 14:37

Јас сум фер, јас не лажам, јас сум одговорен/на, јас сум храбар/а. Ова се најчесто спомнуваните вредности кои над 100 ученици од второ одделение од основното училиште „Љубен Лапе” од Скопје ги напишаа на нивните „Дрва на интегритет”.

422730578 122141669780061743 9048275893572209607 n Custom

Тимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“ (ГПК), на МЦМС, на 15 февруари 2024 година  организираше интерактивни работилници во четири одделенија. Целта беше, учениците преку игра и примери да се запознаат и научат како да се однесуваат и да бидат одговорни граѓани.

Учениците се запознаа со основните вредности, а потоа ги споделија нивните лични примери и ги нацртаа нивните „Дрва на интегритет“. Овој креативен процес донесе многу позитивна енергија за сите вклучени. Искрената желба за учење кај децата е дополнителен  мотив за наставничките и за целиот тим на програмата да продолжат заедно, гласно да зборуваат против корупцијата.

Ова е прва активност од ваков тип. Следните работилници се планираат во други училишта, во Скопје и другите градови во земјава.

Оваа активност е дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“ што ја спроведува МЦМС, а ја поддржува УСАИД.

Погледнете ја галеријата со слики тука.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Преку креативна работилница најмладите учеа за интегритет