СТОП за говорот на омраза за време на изборен процес |
Monday, 15 April 2024 10:07 | |||
За време на изборниот процес, претендентите за власт, избирачите и сите други вклучени страни не треба да користат навредлив јазик. Сексизмот, ширењето на предрасуди и меѓуетничка омраза, користење на маргинализираните групи за заплашување и обединување во омразата, не значи слобода на говор. Повикуваме да се воздржите од давање коментари со омраза и/или да пренесувате таква содржина. Без разлика дали е онлајн или офлајн, сите ние треба да се однесуваме одговорно за да го спречиме ширењето на говорот на омраза за време на изборите. Пријавете дискриминација за време на изборен процес на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . За повеќе информации посетете ја веб страницата www.kszd.mk.
|