Работилница за воведување на иновативни аспекти во Системот за следење на корупцијата во доменот на следење на заробеноста на судството и медиумите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за воведување на иновативни аспекти во Системот за следење на корупцијата во доменот на следење на заробеноста на судството и медиумите PDF Print E-mail
Thursday, 30 March 2023 11:35

На 29 март, се одржа интерна работилница за дискусија на Системот за следење на корупција и негово проширување за следење на состојбите во доменот на заробеноста на судство и медиуми за 19 претставници од 7 организации од регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ.

cms aleks pres MCMS

Александар Герганов, експерт од Центарот за изучување на демократијата (ЦСД) од Бугарија го презентираше постоечкиот систем за следење на корупцијата, сподели наоди и искуства од досегашното спробведување на истржувањето во земјите од регионот и даде насоки за негова имплементација.

Во продолжение, беа презентирани дефиниции и постоечки методологии за проценка на заробеност на медиумите и судството, по што следеше дискусија за можноста за проширување на методологијата со прашања во овие области.

viber image 2023 03 31 13 34 16 482

Во вториот дел од работилницата, Тодор Галев, експерт од ЦСД се фокусираше конкретно на дефинирање и анализа на заробеност на медиумите, околина, концепти, извори на информации, по што следеше дискусија на што  и во колкав обем би можеле да се фокусираат истражувањата во следниот период. 

Проектот го координира МЦМС, а се спроведува во соработка со шест организации од регионот. Финансиската поддршка е обезбедена од Европската Унија.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Работилница за воведување на иновативни аспекти во Системот за следење на корупцијата во доменот на следење на заробеноста на судството и медиумите