Од откривање до акција: СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации за следење на изборниот интегритет |
![]() |
![]() |
![]() |
Wednesday, 30 July 2025 07:30 | |||
На 23 јули 2025 година, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), во партнерство со Центрите за граѓански иницијативи (ЦГИ) и Коалицијата Под лупа од Босна и Херцеговина, организираше онлајн обука фокусирана на интегритетот на изборите. Настанот беше дел од регионалните напори на СЕЛДИ за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за промовирање на транспарентноста и отчетноста. Тој се одржа во рамки на Програмата за мали грантови на СЕЛДИ, која ги поддржува базичните организации во развој на алатки и знаење за борба против корупцијата и јакнење на демократската отпорност. Обуката, со наслов „Откривање и спречување на изборни неправилности: Користење на технологијата и искуства од теренот“, беше спроведена од страна на Хасан Камењаковиќ, специјалист за односи со јавност при Коалицијата Под лупа. Базирана на практични искуства и долгорочни практики за набљудување, обуката имаше за цел да им помогне на учесниците да разберат како се случуваат изборните неправилности и како граѓанското општество може да ги идентификува и да реагира на нив. Учесниците беа запознаени со широк спектар на изборни неправилности, како што се заплашување на гласачи, злоупотреба на јавни ресурси, рана кампања, неправилности од редовите на избирачките одбори и манипулации во медиумите, презентирани преку примери од минати изборни циклуси во Босна и Херцеговина. Сесијата особено се осврна на честите модели на злоупотреба и понуди практични стратегии за следење, документирање и пријавување на прекршувањата. Обуката дополнително се осврна и на сознанијата собрани од иницијативата Под лупа, граѓанска платформа која со години ги набљудува изборите и се залага за подобрување на изборниот процес во Босна и Херцеговина. Нивното искуство ја информираше дискусијата за најдобри практики и препораки за политики, особено во областите на користење на технологија, правни реформи и независен надзор. Сесијата заврши интерактивно со прашања и одговори, кадешто учесниците дискутираа за механизмите за пријавување од страна на граѓаните, како и истражувачки техники и стратегии за застапување за спроведување реформи на законодавно и административно ниво. Видеото од обуката е достапно на: https://youtu.be/8PFRiqdRSok, додека презентацијата може да се преземе на https://seldi.net/wp-content/uploads/2025/07/Pod-LUPOM-presentation.pdf Обуката е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Јакнење на капацитетите за застапување базирано на докази, влијание врз политики и граѓанска вклученост (SELDI.net),“ финансиран од Европската Унија.
|