Работилница за воведување на иновативни аспекти во Системот за следење на корупцијата во доменот на следење на заробеноста на судството и медиумите |
E enjte, 30 mars 2023 11:35 | |||
На 29 март, се одржа интерна работилница за дискусија на Системот за следење на корупција и негово проширување за следење на состојбите во доменот на заробеноста на судство и медиуми за 19 претставници од 7 организации од регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ. Александар Герганов, експерт од Центарот за изучување на демократијата (ЦСД) од Бугарија го презентираше постоечкиот систем за следење на корупцијата, сподели наоди и искуства од досегашното спробведување на истржувањето во земјите од регионот и даде насоки за негова имплементација. Во продолжение, беа презентирани дефиниции и постоечки методологии за проценка на заробеност на медиумите и судството, по што следеше дискусија за можноста за проширување на методологијата со прашања во овие области. Во вториот дел од работилницата, Тодор Галев, експерт од ЦСД се фокусираше конкретно на дефинирање и анализа на заробеност на медиумите, околина, концепти, извори на информации, по што следеше дискусија на што и во колкав обем би можеле да се фокусираат истражувањата во следниот период. Проектот го координира МЦМС, а се спроведува во соработка со шест организации од регионот. Финансиската поддршка е обезбедена од Европската Унија.
|