Новите вештини за обучување веднаш ќе се применат во организациите |
Tuesday, 18 July 2017 13:05 | |||
Осуммина претставници на граѓански организации се стекнаа со вештини на обучувачи за време на истоимената обука што се одржа од 3 до 5 јули 2017 година во Скопје. „Како младински работник речиси секојдневно се наоѓам во ситуација да организирам настани од креативни работилници до обуки за лично усовршување. Знаењата и вештините што ги стекнав на обукава, ќе ги применам на овие настани“, рече еден од учесниците. И другите учесници имаат планови за употреба на новостекнатите знаења и вештини, па велат дека ќе бидат применети „во организацијата, за развој на другите колеги како и за другите обуки кои организацијата планира да ги спроведува“, потоа за „ држење на презентации, обуки, инфо сесии, подготовка на слични настани“, за „едукација на помладите“ итн. Учесниците имаа можност да слушнат и практикуваат повеќе техники и вештини за фацилитација, зборуваа за комуникациските вештини и за учењето кај возрасните. Обуката ја организираа Ресурсниот центар на ТАКСО воден од Македонски центар за меѓународна соработка и Македонската канцеларија на проектот ТАКСО. Обучувачи беа Валентина Чичева и Гонце Јаковлеска од МЦМС.
|