Подобри комуникациски вештини за подобар имиџ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобри комуникациски вештини за подобар имиџ PDF Print E-mail
Tuesday, 18 July 2017 15:40

Како да се подобрат вештините за комуникација со јавноста? Како ефикасно да се презентираат постигнатите резултати? Дали правилно ги употребуваме социјалните медиуми? Што е потребно за да се подобри имиџот на граѓанските организации? Може ли тоа да ја зајакне довербата меѓу нив и целните групи? Ова беа дел од прашањата за кои разговараа 20 учесници на тридневната обука за „Односи со јавноста“ што се спроведе од 10 до 12 јули во Скопје.

Podobri komunikaciski veshtini za podobar imidzh 2

„Новите знаења и вештини ќе ми помогнат да ја подобрам видливоста на организацијата, но и начинот на организирање на информациите на веб страната и на профилот на Фејсбук (Facebook), да ја подобрам комуникацијата со класичните медиуми и, се разбира, да ги пренесам знаењата на другите членови од организацијата“, рече еден од учесниците. 

Од реакциите и оценките на учесниците, може да се види дека новите вештини и знаења ќе имаат голема примена во идната работа. Дел од учесниците велат дека ќе имаат поорганизиран пристап и ќе подготват стратегија за комуникации, а дел ќе се испробаат во подготовка на соопштенија за јавност, текстови за Фејсбук, за веб страните. Покрај тоа, дел од нив изјавиле дека ќе ги употребуваат новите платфорни кои им биле посочени за време на обуката.

Podobri komunikaciski veshtini za podobar imidzh 1

Учесниците веќе на самата обука имаа можност да ги вежбаат своите нови вештни. Преку практичните задачи тие ја применија теоријата и имаа можност да добијат повратна информација за сработеното.

Обуката ја организираа Ресурсниот центар на ТАКСО воден од Македонски центар за меѓународна соработка и Македонската канцеларија на проектот ТАКСО. Обучувачи беа Гонце Јаковлеска и Борис Ристовски од МЦМС.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Подобри комуникациски вештини за подобар имиџ