Облека за бегалците во транзитните центри |
Wednesday, 30 March 2016 14:11 | |||
МЦМС обезбеди и дистрибуира облека за над 500 жени бегалки во транзитните центри „Табановце“ и „Винојуг“. Облеката е во согласност со традицијата на привремените жители на транзитните центри. Претходно, во текот на месец март, беа обезбедени и дистрибуирани 2000 пакети со долна облека и крпи за сите бегалци кои веќе неколку недели се наоѓаат во транзитниот центар Табановце. МЦМС дневно ги следи потребите на бегалците и е во постојана координација со другите организации кои работат на терен. Оваа активност МЦМС ја спроведува во координација и соработка со НВО „Легис“. Како резултат на договорот за затворањето на „Балканската рута“, во моментов во Прифатниот транзитен центар „Табановце“ сместени се 1034 лица, а во „Винојуг“ 134 лица. Активностите кои се спроведуваат на терен, се дел од одговорот на МЦМС на бегалската криза со која се соочи Македонија како транзитна земја. Проектот „Поддршка за бегалците во Македонија“ започна да се спроведува во почетокот на ноември 2015, а ќе заврши на крајот на март 2016 година. Финансиската поддршка е обезбедена од НЦА (Norwegian Church Aid) која е членка на Акт Алијансата (Act Alliance).
|