Облека за бегалците во транзитните центри - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Облека за бегалците во транзитните центри PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 30 mars 2016 14:11

МЦМС обезбеди и дистрибуира облека за над 500 жени бегалки во транзитните центри „Табановце“ и „Винојуг“. Облеката е во согласност со традицијата на привремените жители на транзитните центри. Претходно, во текот на месец март, беа обезбедени и дистрибуирани 2000 пакети со долна облека и крпи за сите бегалци кои веќе неколку недели се наоѓаат во транзитниот центар Табановце. МЦМС дневно ги следи потребите на бегалците и е во постојана координација со другите организации кои работат на терен. Оваа активност МЦМС ја спроведува во координација и соработка со НВО „Легис“.

Obleka za begalcite vo tranzitnite centri 1

Како резултат на договорот за затворањето на „Балканската рута“, во моментов во Прифатниот транзитен центар „Табановце“ сместени се 1034 лица, а во „Винојуг“ 134 лица.

Obleka za begalcite vo tranzitnite centri 2

Активностите кои се спроведуваат на терен, се дел од одговорот на МЦМС на бегалската криза со која се соочи Македонија како транзитна земја. Проектот „Поддршка за бегалците во Македонија“ започна да се спроведува во почетокот на ноември 2015, а ќе заврши на крајот на март 2016 година. Финансиската поддршка е обезбедена од НЦА (Norwegian Church Aid) која е членка на Акт Алијансата (Act Alliance).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Облека за бегалците во транзитните центри