Започнаа активностите во транзитните центри |
Monday, 28 December 2015 14:16 | |||
МЦМС обезбеди електрична енергија за три големи шатори поставени во транзитниот центар „Табановце“. Овие прибежишта на бегалците сега се загреани и осветлени, а во нив можат да ги наполнат и нивните телефони пред да го продолжат патот. Активностите за обезбедување струја ќе завршат до крајот на годината кога целиот транзитен центар ќе добие напојување со струја. Покрај ова, МЦМС постави настрешница на излезот од транзитниот центар „Табановце“ каде полицијата врши проверка на документите, а наскоро ќе постави настрешница и на влезот од транзитниот центар „Винојуг“. Настрешниците ќе ги заштитат бегалците од дождовите и снеговите. Овие активности се дел од одговорот на МЦМС на бегалската криза со која се соочи Македонија како транзитна земја. МЦМС ќе помогне за надминување на проблемите предизвикани со доаѓањето на зимата и ќе обезбеди информации на и за бегалците. Покрај тоа, тимот на МЦМС кој ги спроведува активностите поврзани со бегалците е во постојана соработка и координација со надлежните органи и граѓанските организации кои работат на терен како би биле во можност да одговорат на потребите на бегалците. Проектот „Акција за поддршка на бегалците“ започна да се спроведува во почетокот на ноември 2015, а ќе трае до крајот на март 2016 година. Финансиската поддршка е обезбедена од НЦА (Norwegian Church Aid) која е членка на Акт Алијансата (Act Alliance).
|