МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Карпош и Охрид - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Карпош и Охрид PDF Print E-mail
Saturday, 16 March 2013 15:37

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ ги објавија резултатите од истражувањето на јавното мислење во Карпош и Охрид за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини.

karposhДоколку утре се одржат локалните избори, граѓаните од Карпош најголема поддршка ќе му дадат на Стевчо Јакимовски, кандидат на СНСМ, за него ќе гласаат 33,4% од оние што одговориле. За Јагнула Куновска, кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, ќе гласаат 16,3%, за Андреј Петров, кандидатот на СДСМ, 11%, за Небојша Давидовски, од СДУ, 0,3% и за Александар Георгиевски од СДПМ, 0,2%. Вкупно 36% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, дека нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, 23,9% ќе гласаат за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 13,3% за листата на СДСМ, 4,9% за листата на СНСМ, а 1,3% за друга листа. Процентот на оние што не знаат или не сакаат да кажат овде е повисок и изнесува 51,6%. Што се однесува до одѕивот на гласачите, 70,7% рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат.

ohridВо Охрид, 32,7% од граѓаните ќе гласаат за Александар Петрески, кандидат на СДСМ, 30,2% за Никола Бакрачески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 1% за Фетах Елмази, кандидат на ДПА, 0,6% за Васил Ристески од СДУ. Вкупно 30,8% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, граѓаните предност и даваат на листата на СДСМ, 20,1% би гласале за неа, а 19,8% за таа на ВМРО-ДПМНЕ. За други листа би гласале 5,1% од оние што одговориле на прашањето. Процентот на оние што не знаат или не сакаат да кажат е повисок и изнесува 47,5%. Имајќи ги предвид одговорите се очекува голема излезеност на изборите, 67,8% рекле дека сигурно ќе излезат да гласаат.

Истражувањата се направени преку телефонска анкета 8 до 11 март 2013 година, на репрезентативни примероци од 800 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

МЦМС и ИДСЦС продолжуваат со спроведување на анкетите во текот на оваа недела и во десетина други општини, за што ќе следат и дополнителни извештаи во наредните денови до понеделник, 18.03.2012 г. кога е последниот законски рок за објавување на анкетите на јавното мислење поврзани со локалните избори.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Карпош и Охрид