МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Куманово - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Куманово PDF Print E-mail
Sunday, 17 March 2013 15:52

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ ги објавија резултатите од истражувањето на јавното мислење во Куаново за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини.

kumanovoДоколку утре се одржат локалните избори, 21,7 % од граѓаните на Куманово ќе гласаат за Зоран Дамјановски, кандидатот на СДСМ, а 19,3% за Зоран Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО- ДПМНЕ. Потоа следуваат Артиф Љатифи, кандидат на ДУИ, со 9,1%, Алил Куртиши, кандида на ДПА, со 4,1%, Виктор Цветковски, предложен од група избирачи, со 3,8%, Фатри Салиу од НДП, со 2,4 и Предраг Божичковиќ    од СНСМ со 0,3%. Вкупно 36,6% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, дека нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, 18,7% ќе гласаат за листата на СДСМ, 14,2% за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 9,5% за листата на ДУИ, 3,9 за листата на ДПА, а 1,6% за листата на НДП. Процентот на оние што не знаат или не сакаат да кажат овде е 42,5%. Што се однесува до одѕивот на гласачите, 69,9% рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат.

Истражувањето е направено преку телефонска анкета на 15 и 16 март 2013 година, на репрезентативен примерок од 813 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

МЦМС и ИДСЦС продолжуваат со спроведување на анкетите во текот утрешниот ден ќе бидат објавени резултатите од уште неколку анкети.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Куманово