Искуство од Англија во искористување на структурни фондови на ЕУ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Искуство од Англија во искористување на структурни фондови на ЕУ PDF Print E-mail
Thursday, 28 February 2013 14:22

Во периодот од 18 до 22 февруари 2013 г., Марија Саздевски, како претставник на МЦМС, учествуваше на студиската посета „Искористување на структурни фондови на ЕУ“ во Лондон и Ливерпул, Англија. Студиската посета ја oрганизираше граѓанска организација Цензура Плус од Хрватска како една од активности на проектот „Заедно кон Европа“ во рамките на програмата Европа на граѓаните.

Целта на посета беше претставници на граѓанските организации од Балканот да се запознаат со искуствата на граѓанските организации од Англија во искористување на структурните фондови на Европската Унија и како тие соработуваат со државните институции. На студиската посета учествуваа и претставници на граѓански организации од Хрватска, Словенија и Романија.

При ова студиско патување беа посетени граѓанските организации: Асоцијација на извршни директори на волонтерски организации (АЦЕВО), мрежата ЕУКЛИД и Националниот совет за волонтерски организации (НЦВО) во Лондон и Независна иницијатива, Организацијата на жени, Мрежа за Европа, Социјални претпријатија на северо-запад, Мрежа на социјални претпријатија во Ливерпул.

Посебно корисно беше да се слушне како граѓанските организации го организираат користењето на фондовите достапни од државата со Европските фондови, за што зборуваше Ингрид Гардинер од НЦВО. Таа ја претстави и веб-страницата http://www.europeanfundingnetwork.eu на која граѓанските организации во Велика Британија може на едно место да ги најдат сите информации неопходни за ефективно апсорбирање на европските структурни фондови од совети за користење на ЕУ фондовите, преку информации за правната рамка на ниво на Англија и Европската Унија до најнови вести и повици за новите можности за финансирање.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Искуство од Англија во искористување на структурни фондови на ЕУ