Како европските компании се снајдоа со економската криза - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како европските компании се снајдоа со економската криза PDF Print E-mail
Thursday, 21 February 2013 16:14

anketa-za-evropskite-kompaniiМЦМС како национален партнер на Галуп Европа започна да ја спроведува анкетата за европските компании на Еурофонд (АЕК) за Македонија. Анкетата се спроведува во 32 европски земји.

Со анкетата ќе бидат опфатени вкупно 29.950 компании и подружници, меѓу 300 и 1.650 зависно од големината на земјата. Во Македонија ќе бидат опфатени 500 компании. Интервјуата се спроведуваат со одговорниот раководител за човечки ресурси, како и со претставникот на работниците на работното место.

Анкетата се спроведува по трет пат и нејзиниот фокус е организацијата на работата, иновациите на работното место, тимската работа, раководењето со човечките ресурси, претставувањето на вработените и нивната вклученост, како и социјалниот дијалог. Таа дава краток преглед на праксата на работните места и како тие се преговараат во европските компании. Се заснова на погледите на раководството и на претставниците на работниците, и е дизајнирана да прибере информации за практиките на работното место за да ги развие и процени социо-економските политики.

Целта на третата анкета е да се увидат промените на работните места и практиките на раководење со човечките ресурси, учеството на вработените и социјалниот дијалог на работното место, како и перформансот од почетокот на економската криза. Претходно анкетата беше спроведена во 2004 г. и во 2009 г.

МЦМС учествува во работата на Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество на Македонија и Европската Унија, тело на Европскиот економски и социјален комитет, а во 2011 г. подготви и регионална студија за социјалниот дијалог во земјите од Западен Балкан.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Како европските компании се снајдоа со економската криза