Размена на искуства со Комисијата за еднаквост на Северна Ирска - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Размена на искуства со Комисијата за еднаквост на Северна Ирска PDF Print E-mail
Thursday, 13 February 2014 10:24

Oд 5 до 8 февруари 2014 г. се реализираше студиската посета на Северна Ирска, што ја организира МЦМС за претставниците на партнерските организации од проектот„Од норма до пракса за еднаквост“, Полио плус, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација.

razmena na iskustva so komisijata za ednakvost na severna irska 2

Целта на студиската посета беше да се разменат искуства и да се воспостави комуникација со Комисијата за еднаквост за Северна Ирска. Учесниците имаа можност да поминат еден ден со членовите на Комисијата што го искористија за запознавање со главните активности и со нејзината работа. Тие разговараа за воспоставувањето, за улогата и составот на Комисијата, за надлежностите, за промоцијата и заштитата на еднаквоста, особено за заштитата на правата при вработување и работни односи на лицата со хендикеп. На состанокот беа презентирани и конкретни случаи по кои постапувала Комисијата.

razmena na iskustva so komisijata za ednakvost na severna irska 1

Дел од програмата на студиската посета беше и посетата на организацијата Медијација Северна Ирска. Освен за работата и постигнувањата на организацијата, учесниците имаа можност да слушнат и за историјата и клучните моменти на конфликтот во Северна Ирска. Потоа беше организирано и разгледување на Белфаст.

Посетата се реализираше во рамки на проектот„Од норма до пракса за еднаквост“ кој спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Размена на искуства со Комисијата за еднаквост на Северна Ирска