Информативни средби со жителите на Јегуновце, Чаир и Липково - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информативни средби со жителите на Јегуновце, Чаир и Липково PDF Print E-mail
Monday, 18 February 2013 16:21

Продолжија информативните состаноци со претставниците на населените места во општините во кои се спроведува програмата „Оспособување на жените погодени во конфликтот (ОЖП)“. Оваа недела, беа одржани состаноци за општините Чаир, Јегуновце и Липково. На состаноците се разговараше за изборот на корисничките на програмата и начинот на спроведување на активностите.

IMG 2883

Претставниците на месните заедници, училиштата, локалните деловни субјекти и граѓанските организации, советите, општинската администрација, како и на целната група се интересираа за бројот на жените кои може да се вклучат во програмата, за критериумите за избор, соработката со локалните граѓански организации, како и за видот на курсевите.

Претходно се одржаа информативни средби со жителите и претставниците на општините Теарце и Желино, а следуваат состаноците во Сарај и Маврово и Ростуша.

ОЖП е финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а се спроведува во партнерство со Флоренс Најтингел, Инцијатива за европска перспектива и Рекански бисер. Целта на програмата е поддршка на пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Информативни средби со жителите на Јегуновце, Чаир и Липково