Градење капацитети за развојна соработка во ЕУ - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за развојна соработка во ЕУ - извршно резиме PDF Print E-mail
Sunday, 17 February 2008 15:00

Со проширувањето на ЕУ, дванаесетте нови земји членки (НЗЧ) придонесуваат стратешки и финансиски кон ЕУ политиките за развојна соработка. Приоритетите, политиките и методологиите на НЗЧ и пристапните земји (ПЗ) го комплементираат и збогатуваат сегашниот ЕУ пристап. Вклученоста на развојните ГО (НРГО) во овој процес и во Европската конфедерација за помош и развој (КОНКОРД) е одлучна да ги достигне ветувањата на ЕУ за искоренување на светската сиромаштија. Македонија како идна земја членка и посебно граѓанскиот сектор ќе треба да се вклучи во тие процеси, за што треба да се развие свеста и изградат човечки и институционални капацитети за развојна соработка.

Општа цел на програмата се развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот се зајакнати човечки ресурси кај актерите на ГО во Македонија на полето на развојната соработка, во контекст на процесот на ЕУ интеграции.

Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество. Дополнително, специфична целна група на овој проект се и претставници на релевантни министерства и служби, општини, образовни институции, медиуми, донатори, развојни агенции и заинтересирана јавност.

Главната активност на проектот е организирање дводневна конференција во соработка со  ТРИАЛОГ од Австрија и во партнерство со две македонски организации Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Сигме 7. Конференцијата ќе се одржи во периодот од 21 - 22 октомври 2008 година во ЕУ Инфо Центар во Скопје. Тема на конференцијата е развојна соработка во контекст на ЕУ членство на Македонија.

Конференцијата ќе биде поделена на два дела. Првиот ден ќе опфаќа јавна конференција со 60 учесници од граѓански организации (ГО), но и релевантни институции. Вториот ден ќе има работилница за 30 претставници на ГО. Работилницата има за цел да се разјаснат барањата, потребите, процесот и можностите на ГО да учествуваат во тој процес.

Очекуван резултат на проектот е зголемување на свеста и изградени основни познавања за развојна соработка во проширената ЕУ.
Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: заинтересирани претставници од ГО и релевантни институции за темата, добра координација меѓу вклучени организации.

Во рамките на проектот ќе се реализира соработка со КОНКОРД и други европски мрежи и институции.

ТРИАЛОГ (www.trialog.or.at) е проект кој беше започнат март 2000 година за јакнење на свеста за развојна соработка во проширена ЕУ.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ (МХК) www.mhc.org.mk е граѓанска организација за промоција и заштита на човековите права. Сигме 7 е релативно нова организација посветена на процесот на евроинтеграција на Македонија.

МЦМС има одговорност за спроведувањето на проектот и донесувањето одлуки. Проектот опфаќа активности кои се дел од програмата ОРР за 2008 година. За проектот ќе биде назначен соработник, кој ќе биде одговорен за логистика и следење на спроведувањето на проектот. МХЦ и Сигме 7 ќе помагаат во изборот на учесници и воведничари.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Градење капацитети за развојна соработка во ЕУ - извршно резиме