Сите актуелни вести за антикорупција во Југоисточна Европа на едно место |
Friday, 19 April 2019 00:00 | |||
Проверете го новото издание на билтенот за антикорупција и добро владеење на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ.
Од вестите во регионот, за периодот март- април, можете да прочитате повеќе за застојот на законските измени во Србија поврзани со антикорупцијата; налогот за притвор на поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер; законските измени за укажувачите во Босна и Херцеговина; како и за масовните вработувања во косовската пошта и телекомуникацискиот провајдер. Покрај вестите од регионот, проверете ги неодамнешните извештаи и анализи кои се однесуваат на компетентноста на директорите на македонските јавни претпријатија; отвореноста на локалните буџети во Црна Гора; српските преговори за пристап кон ЕУ; и сл. Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС. Програмата е финансирана од Европската Унија.
|