Развојната соработка и Македонија |
Monday, 20 November 2017 11:42 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) деновиве ја објави публикацијата „Потенцијалот на Македонија за вклучување во развојна соработка: моментална состојба“, подготвена од Симона Огненовска. Публикацијата ги истражува предизвиците на Владата и граѓанските организации кои треба да бидат надминати на патот на европските интеграции на Македонија. Иако од сегашна перспектива изгледа далечно, сепак, Македонија како членка на ЕУ ќе премине од земја-примател во земја донатор. На овој начин, таа ќе придонесе за глобалниот развој преку финанска и нефинансиска помош. Но, до тогаш, треба да се работи на подготовката на земјата за оваа задача. Македонија досега нема постигнато напредок кон законско усогласување и структура за развојни политики, а недостасува и вклученост на граѓанското општество на ова поле. МЦМС е посветен на оваа проблематика уште од 2006 година. Во оваа насока е и издавањето на оваа публикација која можете да ја најдете на веб страната, во одделот за истражувања. Публикацијата е подготвена во рамки на регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска и Конкорд.
|